Skip to main content

Марио Велкоски е првенец на генерацијата во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Од училиштето истакнуваат дека Марио со својата истрајност, трудољубивост и професионален однос кон наставните и практичните обврски претставува пример за останатите ученици.
 |  инфодеск  | 
{“remix_data”:[],”remix_entry_point”:”challenges”,”source_tags”:[],”origin”:”unknown”,”total_draw_time”:0,”total_draw_actions”:0,”layers_used”:0,”brushes_used”:0,”photos_added”:0,”total_editor_actions”:{},”tools_used”:{“transform”:1,”square_fit”:1},”is_sticker”:false,”edited_since_last_sticker_save”:true,”containsFTESticker”:false}

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид годинава признанието „Ученик на генерација“ му го додели на Марио Велкоски, ученик од класот IV-5, здравствена струка, кој во текот на своето средно образование се истакна со одличен успех, одговорност, посветеност и континуирана желба за напредок.

Од училиштето истакнуваат дека Марио со својата истрајност, трудољубивост и професионален однос кон наставните и практичните обврски претставува пример за останатите ученици.

-Покрај одличните резултати во наставата и активното учество во училишниот живот, Велкоски успешно го претставуваше училиштето и на бројни кошаркарски натпревари, каде со својот тимски дух, дисциплина, спортско однесување и борбеност придонесе за афирмација на училиштето и остварување значајни спортски резултати. Како ученик од здравствената струка, тој остави силен белег во училиштето не само преку своето знаење и успех, туку и преку хуманоста, чесноста, одговорноста и позитивниот пример што го даваше во текот на четиригодишното образование, – посочуваат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ .

Од училиштето на Марио му го честитаат признанието и му посакуваат многу успех во понатамошното образование, професионалниот развој и идните животни предизвици.