Skip to main content

Во недела концерт во чест на охридскиот виолинист и трубадур Климе Садило

Јубилеј во чест на Климе Садило: 120 години од такамот на Садиловци и 145 години од неговото раѓање
 |  инфодеск  | 

 Во недела, на 14 јуни 2026 година, во предворјето на црквата „Света Софија“, Охрид уште еднаш ќе му оддаде почит на својот голем трубадур со настанот „Чалгиски звуци во чест на Климе Садило“.

Ќе се одбележи големиот јубилеј – 120 години од такамот на Садиловци и 145 години од раѓањето на охридскиот виолинист и трубадур Климе Садило, порачуваат организаторите.

Музичката приказна ќе ја раскажат Ансамбл „Македонија“ и Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“ при УГД Штип, а настанот ќе започне во 20:00 часот.