Skip to main content

Македонски знамиња виртуелно се веат пред парламентот во Атина

Македонски знамиња повторно виртуелно се развиорија во Грција, овој пат пред парламентот во Атина.

 |  Маја Савиќ  | 
znaminja
виртуелни знамиња

Доколку на електронскиот атлас google earth сакате да се прошетате до грчката престолнина, на плоштадот Синтагма ќе ве изненадат 9 македонски знамиња.
znaminja
Хакерот со прекар Јови, најверојатно ги презел од центарот на Скопје, односно од пред владата на Република Македонија, бидејќи нивниот број, но и положбата се идентични.

Целата ситуација станува интересна со фактот дека од google ги одобриле знамињата и покрај тоа што реално пред грчкиот парламент нема такви јарболи.

Објектите кои сакате да ги вметнете треба да постојат во реалноста и тие треба да бидат подобри од останатите предложени – ова се само дел од правилата на страницата за моделите што некој корисник може да ги вметне во 3Д верзијата на google мапите.
Македонските знамиња на синтагма интересни и за грчките медиуми.

– Ако некој се прошета на google earth и оди да го види грчкиот парламент, на плоштадот Синтагма, ќе наиде на оваа слика? Точно така, ако некој влезе на google earth, ќе види копија, намалена верзија на парламентот, а пред него неколку знамиња на Скопје, пренесе грчката телевизија ТВ Алтер.

Ова е втор пат човекот што се идентификува како Јови на 3Д анимацијата на google earth да постави наше знаме во Грција. Во јули минатата година го развиори македонското знаме во центарот на Солун до Беаскуле. Тогаш реагираа од грчките министерства за надворешни и внатрешни работи кои испратија протесна нота до Google, по што знамето беше тргнато.

{loadposition content9}