Skip to main content

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање.

 |  Татјана Маленкова  | 
plivac
plivac

lokacijaОхрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање.

„Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток,  а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети за Охрид. Тврдам дека никогаш општина Охрид не вршела никва опструкција на ниту еден проект од владата, вклучувајќи го и проектот за базенот“, вели градоначлникот Александар Петрески.

„За да се направи базен таму или било кој друг објект мора тој објект да биде легален. Неможе државата или општината да градат нелегално кога бараме граѓаните да градат легално. За да се направи треба урбанистички план. Ние за да го донесеме урбанистичкиот план пред советниците ни треба потпис од министрот за транспорт и врски. Целото време што се чекаше се чекаше министерот да го потпише уврението и после тоа ние да го донесеме на совет што и го напрајвме. Во овој момент државната агенција за просторно планирање прави проект и со тој проект во една фаза ќе може да се гради“, вели градоначалникот Петрески.

„Се надевем дека владата ќе го исполни ветувањето дека првиот затворен базен од серијата кои треба да се прават ќе биде во Охрид“, додава првиот човек на Охрид.
Тој додава дека ни локалната не се откажува од намерата да гради затворен базен. Тој вели појаснува дека одлуката дали локалната ќе гради 25 метрски  или поголем ќе зависи од конечната одлука на агенцијата за млади и спорт.

„Не би било добро да и ние и централната власт преку агенцијата за млади и спорт да гардаиме два 25 метраски покриен базени. Ако нивната одлука е конечна да градат 25 метарски базен, тогаш ние ќе ја одложиме нашата одлука за изградаба на 25 метраски базен. Имаме и подобро решение, но да не бидам јас повторно пречка, јас се согласив тука. Кај што ќе речат тука нека биде, само нека го направат. Се согласив и мислам дека сега се црта на тоа место да биде  и дај боже да го реализираат“, вели Петрески.

Инаку идејата на локалната во Охрид да гради затворен базен, сеуште е само идеја. Според урбанистичките инжињери, најдобра локалција за затворен базен во Охрид е просторот веднаш до отворениет базен, поради постоечката инфраструктура.
Од локалната велат дека тендер за изградба на затворен базен сеуште немаат објавено, поради тоа што чекале да се дефинираат работите околу изградбата  на базенот кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт. Од Општина Охрид додаваат дека сеуште немаат дефинирано ни кој модел ќе се користи за изградба на базенот кој ќе го прави локалната. Тие се расположени истиот да се прави и како јавно приватно партнерство или да се даде под концесија, а доколку не може да се реализира ни вака ни така, тогаш тие се категорични дека локалната ќе го прави со сопстевни средства.

{loadposition content9}