Skip to main content

Турска делегација во Охрид

Денес, градоначалникот Петрески беше домаќин на бројна делегација на еден од најразвиените туристички региони во Турција, Мармара.

 |   | 
tursko-makedonsko prijatelstvo
турско-македонско пријателство

opshtinaДенес, градоначалникот Петрески беше домаќин на бројна делегација на еден од најразвиените туристички региони во Турција, Мармара. Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, на гостите им ја презентира работата на Советот и локалната администрација, а проф.д-р.Науме Мариноски им ги претстави туристичките потенцијали на Охрид. Градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на турскиот град Сафран болу, потпишаа Договор за збратимување и соработка. Двајцата градоначалници истакнаа дека посебна димензија на збратимувањето му дава фактот што и Охрид и Сафран болу, како заштитено светско културно наследство се на листата на УНЕСКО.

Утре, во посета на  Охрид  е висока делегација на Република Турција предводена од Премиерот Реџеп Таип Ердоган.  По повод посетата, од СВР Охрид информираат дека утре попладне, во градот привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила, со физичко регулирање на  одредени локации. Полицијата ќе издава писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во стариот дел на градот, каде високата турска делегација ќе посети дел од културно-историските знаменитости на Охрид.

{loadposition content9}