Skip to main content

Познат идентитетот на тројцата удавени во Струга

На местото на настанот излегоа екипи на ОВР Струга, истражен судија и јавен обвинител.

 |  Маја Савиќ  | 
Galeb plaza
плажа Галеб

Попладнево на струшката плажа Галеб забележани се три безживотни тела на повозрасни мажи. Првичните претпоставки беа дека се удавени во водите на Охридското езеро, но стружани категорично ги демантираа појаснувајќи дека тројцата биле одлични пливачи. На местото на настанот пристигнаа екипи на ОВР Струга, Истражен судија и Јавен обвинител.
Индентитетот на жртвите  е познат. Станува збор за видни граѓани на Струга, сега починатите Јонче Шишко-вработен во УЈП, Кире Ѓоргон -Анестезиолог и Јосиф Докоски-хирург. Жртвите меѓусебе се познавале и биле во пријателски односи. Според неофицијални информации од очевидци тие последно биле видени како играат карти во раните утрински часови, во објект во близина на пливалиштето.

Неофицијално, трагичниот настан е последица на струен удар. Се претпоставува дека едниот од трагично загинатите станал од масата на која играле карти, се одалечил од истата и под сеуште неразјаснети околности  добил струен удар. Најверојатно, останатите двајци обидувајќи се да му помогнат, ја доживеале истата судбина. Останува мистерија како трите тела завршиле во водите на Охридското езеро. Струшката јавност е во шок, гневна на институциите одговорни за струшкото пливалиште, независно дали се работи за локални или централни ингеренции.

{loadposition content9}