Skip to main content

„Надмудри го ракот, биди среќна жена“

„Надмудри го ракот биди среќна жена“ под ова мото ќе се едуцираат жените од Струга, со цел да се спречи ваквата појава. За да се намали опасноста од оваа болес, здружението на жени „Езерка“ од Стуга, и годинава ќе организира трибини на оваа тема.

 |  Билјана Ќосеска  | 
gradi
gradi
„Надмудри го ракот биди среќна жена“ под ова мото ќе се едуцираат жените од Струга, со цел да се спречи ваквата појава. За да се намали опасноста од оваа болес, здружението на жени „Езерка“ од Стуга, и годинава ќе организира трибини на оваа тема.

Бројот на заболени жени од рак на дојката се повеќе расте. Причината за тоа е недоволната едуцираност и пред се финансиската состојба, која е една од причините поради која жените не вршат редовни контроли. Раното откривање на ракот на дојка е од големо значење за секоја жена, но тоа за жал многу малку се практикува, велат од здружението на жени „Езерка“.

ginwekoloska ordinacijaЗа да се намали опасноста од оваа болест која се смета за чума на денешницата, реално недостасуваа информираноста. Во Струга интензивно ќе се врши едукација на женската популација. И годинава, здружението на жени „Езерка“  е вклучено во проектот на министерството за здравство и женското лоби „Надмудри го ракот биди среќна жена“. За таа цел ќе се одржат  пет трибини, во руралните средини и градот. На средбите , покрај женската популација ќе се вклучени и мажи.

Жените од струшкиот регион во моментов имаат секакви можности за пред време да го откријат евентуалниот рак на дојка. Сега, покрај Вевчани, жените можат да извршат преглед  и во  Струга. Освен во вевчанската болница, преглед со мамограф се врши и во здравствената установа во Струга.