Skip to main content

Студентски појадок на ФТУ

Работен појадок на ФТУ.

 |  Маленкова Татјана  | 
FTU raboten pojadok
ФТУ работен појадок

Студентите денес за Менаџерите на поголемите Охридски хотели, раководителот на ТЛЕР, деканот продеканите и професори од  ФТУ подготвија вкусен појадок и со тоа покажаа што практично научиле.  На работниот појадок во реновираното факулететско бифе  се дискутираше и за заклучоците од тркалезна маса одржана неодамна на која беа отворени одредени проблеми во хотелската индустрија.
На богата трпеза имаше пица, кинеска храна во слатко кисел сос, тортиљи, македонско мезе и слично. FTU raboten pojadok„Целта е преку практична работа да ги подготвиме студентите да бидат врвни мајстори во кујната, а со тоа подготвени за сите предизвици во угостителскиот сектор“, вели проф. Д-р Ангела Василеска.
Василеска додава дека Факултетското бифе не застанува само на стандардното мени кое го нуди, туку тие се подготвуваат и за кетеринг услуги и слаткарскиот програм кои ќе им ги нудат на сите.

„Ние одиме понатака. Еве вчера имам предавање нутриционизам и она што го добија како обврска студентите е да обмислат максимално избалансиран оброк. Ние ќе имаме теоретски предавања, но секој понеделник може да дојдете и нашиот монитор ќе има група на студенти кои ќе нудат секој понеделник максимално избалансиран оброк. Тоа значи дека ќе има соодветен сооднос на јаглени хидрати, протеини, масти, активни  поточно она што тие ќе го креираат, обмислат и како таква ќе го понудат на нашите студенти. Во мометов на ФТУ има месец на кинеска храна. Покрај стандардните јадења, ќе се подготвуваат и кинески јадења“, истакна проф. Д-р Ангела Василеска.

FTU raboten pojadokВо името на градоначалникот на Охрид кој не присуствуваше на појадокот поради службени обвски се обрати раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов. Тој потеницираше дека постои силна доверба и соработка помеѓу локалната самоуправа и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. „Соработуваме на многу полиња. Имаме и заеднички проекти, како што е аплицирање за ИПА фондовите, за кои активно лобираме да ги добеме. Во секој случај, голема е честа да се соработува со оваа институција, која од аспект на туризмот, нас ни дава огромна помош и поддршка“, истакна Апостолов.
Менаџерите на хотелите задоволни од иницијативите на ФТУ. Тие признаваат дека на овој начин не само што продолжува неформалниот разговор кој го водат подолго време, туку и лично се уверуваат во подготвеноста на студентите и за тоа колку се тие подготвени да го покажат она што ќе го работат во иднина.

„Добро е да се спојат теоријата и праксата. Ние од практичниот дел, тие од теоретскиот дел и понатака овие студенти кои излегуваат од оваа институција да бидат веднаш вклучени и во нашите хотелски капацитети. Ќе ни биде драго да имаме млад кадар кој завршува во оваа институција и ќе бидат вклучени во нашите хотелски капацитети“, истакна генерален менаџер на хотел Белведере, Лилјана Василеска.

Проф д-р Василеска пред присутните изрази огромна благодарност до хотелот Инекс Горица и менаџерот Олга Илоска што несебично ги подржа напорите на факултетот и им помогна во реновирањето на факултетското бифе.  Сега веќе сме подготвени да направиме еден добро организиран едукативен центар“, категорична е про. Д-р Василеска.

  {loadposition content9}