Skip to main content

78 години од формирањето на 4та Албанска бригада при НОВ

Со пригодна свеченост, струшкиот сојуз на борци денес ја прослави годишнината од формирањето на четирите славни бригади на НОВ на Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
albanski brigadi NOV
албански бригади НОВ

26ти Август 1944 година, Караорман, место Рудина. На многу од нас овие неколку податоци не ни значат ништо. Но на храбрите борци од Четвртата албанска ударна бригада им значат многу. Токму на овој датум пред точно 78 години била формирана нивната бригада.

borci StrugaПретседателот на сојузот на борци од Струга, Ајредин Мемеди вели дека ослободителната борба била општонародна и во неа рамо до рамо се бoреле и македонци и албанци и власи и македонци-муслимани и турци.

„При заминувањето на бригадата на Сремскиот фронт, бригадата броеше 501 борец и тоа борци од Струга, Охрид и Дебар, а истовремено бригадата се пополнуваше со борци од Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Прешево и околните места. Четвртата односно седмата албанска бригада учествуваше во борбите во градот Струга се до ослободувањето, а потоа вршеше подготовки за заминување на Сремскиот фронт.“-вели претседателот на Сојузот на борци од Струга, Ајредин Мемеди.

Инает Кондри е еден од борците на оваа Четврта албанска бригада која од Караорман слегува во струшките села и во рок од 6 недели ги ослободува. Тие учествувале и во ослободувањето на Кичево, Гостивар, Тетово и Скопје, но продолжиле и надвор од Македонија.

Inaet Kondri 4ta brigada„Во Загреб фативме еден командант од германците, тој беше командант за Балканот, Флор Лера се викаше и таму го фативме и војската германска ја фативме и ги предадовме таму и заминавме на чистење во Босна и Херцеговина, во Бихаќ. Таму бевме месец дена и ги ослободивме тие места таму.“-рече членот на 4та Албанска ударна бригада, Инает Кондри.

Кондри ни раскажа како откако стигнале Белград старото оружје им го замениле со ново од руско производство. Тој се присети колку поубаво изледале руските пушки. Покрај Четвртата албанска бригада , во рок од три месеци се формирале и Првата пролетерска ударна бригада, Охридско-струшката дополнителна бригада како и Шестата македонска ослободителна ударна бригада.

Голем дел од припадниците  на овие формации денес не се меѓу нас но членовите на Сојузот на борци, учесници во НОБ, и продолжувачи на светлите традиции од тој период преку вакви дружења го чуваат споменот за времето и луѓето кои денешнава слобода ја калеа низ војна.

{loadposition content9}