Skip to main content

Колку постаро возило, толку поскапа регистрација

Со предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.

vozila
возила

бмвСо предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.

Од Министерството за животна средина потврдуваат дека во план е подготвување подзаконски акт за воведување дополнителни надоместоци за намалување на загаденоста, но засега нема конечна одлука.

Во Македонија возниот парк е со капацитет од околу 400.000 автомобили, а старосниот просек се движи околу 12 години. Само во последните три години, откога во 2010 година се дозволи увоз на половни возила со еуро 1 стандард, во земјава се внесени над 140.000 употребувани автомобили.

{loadposition content9}