Skip to main content

Граѓаните и понатаму најголеми должници кај извршителите

Според податоците на Комората на извршители, долговите на 85.538 граѓани во деветте месеци од годинава дошле пред извршителите. Од нив, извршителите наплатиле вкупно 21 милион евра.

logo
Лого

логоСпоред податоците на Комората на извршители, долговите на 85.538 граѓани во деветте месеци од годинава дошле пред извршителите. Од нив, извршителите наплатиле вкупно 21 милион евра.

Извршителите наплаќале и долгови од држаните органи институции и претпријатија. Од вкупно 3.505 нив до септември годсинава наплатени се 9,2 милиони евра. Најголем должник е ЈП „Македонија пат“ која должи на фирми.

Заклучно со септември 17.559 фирми поради долговите биле дадени на извршител. Од нив се наплатени околу 43 милиони евра долг.
Од вкупниот износ на наплата, најмногу средства по региони се наплатени на подрачјето на Скопје, а најлоша била наплатата во источниот дел на државата, односно градовите Кочани, Берово, Виница и Делчево.

За девет месеци извршителите од успеале да наплатат 73 милиони евра.

{loadposition content9}