Skip to main content

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Ова е крајната цел на проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наслество на регионот на Охридското Езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
zastita kulturno nasledstvo
заштита културно наследство

Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.

integrirana zastita nasledstvo„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот на водите во Охридското Езеро, грижа за управувањето со отпадните води, грижа за управувањето со цврстиот отпад, се она што имаме идентификувано како проблем и доколку една таква интегрирана заштита се обезбеди, тоа ќе значи дека ќе имаме простор, регион кој што покрај статусите кои ги донесовме како што е Биосферен резерват, статусот што го има под УНЕСКО, ќе има и чиста и здрава животна средина и заштитени природни и културни реткости кои ќе можат да бидат ставени на туристичкиот пазар во една нова понуда за Охридскиот регион.“-вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Пановски вели дека во рамките на проектот ќе бидат формирани работни групи кои ќе треба да излезат со документ за номинација на албанската страна да се стави под капата на УНЕСКО, но и документ во кој ќе се потврди со какво природно и културно наследство во моментот се располага, како и негово ставање под законска заштита.

Moskopole Albanija„Сето тоа што ќе се инвентаризира, нормално дека ќе се стави, а голем дел е и веќе ставено под законска заштита. Она што е инспекциски систем и она што се планови, треба да се усогласат со таа заштита. Јас навистина би сакал да се почне со еден процес на преземање на мерки против оние кои што го нарушуваат било од индивидуален, било од стручен карактер природното и културно наследство во регионот, затоа што не се работи за момент, за моментален бенефит, туку за нешто што опстојува со милениуми и треба и натаму да постои и една ваква вредност да се уништува заради некаков момент е навистина штета. Онаа штета која ќе се направи, а е спротивна на законската регулатива несомнено треба да се санкционира.“-рече тој.

Зад овој проект за интегрирана заштита на природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро стојат министерствата за животна средина и култура и на Македонија, и на Албанија, а со поддршка на УНЕСКО и Европската Унија и учество на локалните власти. Инаку во периодот од Март до Ноември 2015та ќе бидат спроведени пет работилници во рамките на проектот кои ќе имаат цел зајакнување на капацитетите, формирање на тимовите кои ќе работат на проектот и изработка на план за работа. Првата од петте работилници ќе се случува на 25ти и 26ти Март во Корча, Р.Албанија.

{loadposition content9}