Skip to main content

Светска банка ќе ја финасира компанија „Европа Ре“

Владите од регионот со заеднички средства, со пари од светска банка ќе формираат осигурително друштво „Европа Ре“ кое ќе биде со седиште во Швајцарија. „Ова друштво ќе работи по најсовремените, поточно најдобрите закони во светот за осигурување, односно реосигурување на ризиците од катастрофи кои ќе ги нудат домашните друштва“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на  Првата регионална конференција на ЕВРОПА РЕ насловена како „Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност“.

 |  Татјана Маленкова  | 
Zoran Stavreski
Zoran Stavreski
Владите од регионот со заеднички средства, со пари од светска банка ќе формираат осигурително друштво „Европа Ре“ кое ќе биде со седиште во Швајцарија. „Ова друштво ќе работи по најсовремените, поточно најдобрите закони во светот за осигурување, односно реосигурување на ризиците од катастрофи кои ќе ги нудат домашните друштва“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на  Првата регионална конференција на ЕВРОПА РЕ насловена како „Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност“.

„ Ова ќе биде од корист и за осигурителните друштва бидејќи ќе им понуди нов продукт кое досега го немаа во својата лепеза. Ќе биде од посебна корист за економијата односно за сите граѓани на Р Македонија за земјоделците, за приватните фирми за сите оние кои досега трпеа штети од природни катастрофи кои неможеа и немаа каде да ги осигураат или тоа беше прескапо, се надеваме дека сега со формирањето на оваа компанија и со регионалниот пристап ќе можеме да овозможеме тие ризици да се покријат со пониска цена и ќе биде од корист за земјата односно за владите учеснички бидејќи со помали трошоци ќе можеме да постигнеме поголеми ефекти во насока на заштите на граѓаните и на стопанството“, истакна министрот за финсии Зоран Ставрески.

Министерот додаде дека очекувањата на владата се во 2012 год. Друштвото да започне оперативно да работи и да почне со нудење на овие продукти преку домашните осигурителни друштва.

Светската Банка е среќна бидејќи има можност да ја поддржи оваа иницијатива, која е многу иновативна и која се обраќа на потребата на моменталното опкружување, кое во голема мерка зависи од временските прилики, настани и катастрофи, во опкружување, во кое домаќинствата, приватните бизниси и јавниот сектор има потреба од осигурување, со цел да биде способен да компензира за можните загуби и да продолжат со нивните бизниси“, истакна претставникот на светска банка во Р.Македонија Лилија Бурунчук.

„ Светската банка обезбеди подршка за Владата на РМ да биде дел од оваа иницијатива која ќе обезбеди техничка помош и помош за развој на осигурителните компании во земјата и за реосигурување од ризиците надвор од земјата. Македонија е една од учесничките во оваа иницијатива , како и Албанија и Србија од регионот кои се едни од земјите членки оснивачи на Центрите за осигурување од катастрофи и уште земји чекаат да станат членки, па среќни сме што Македонија стана дел од оваа иницијатива“, истакна Бурунчук.

konferencijaИво Герман, претставник од државниот секретаријат за економски прашања од Швајцарија истакна дека тие се подготвени да помогнат во стручната експертиза, потреба за работата на компанијата.

„ Многу сум задоволен што учествуваме во оваа програма и сметам дека оваа програма ќе има големо и добро влијание за граѓаните од овој регион. Ние од секогаш сме давале голем акцент на подршка на овој регион на Југоисточна Европа, а особено на Македонија. Целта на проектот е да се рзвојат осигурителните пазари ние можеме да ја понудиме стручната експертиза со цел оваа програма да биде успешна“, додаде  претставник од државниот секретаријат за економски прашања од Швајцарија, Иво Герман.

Министерот Ставрески додаде дека владата на Р Македонија очекува бенефитот од новите видови осигурување да го почуствуваат граѓаните – сопственици на куќи и станови, земјоделците, малите и средни претпријатија, кои за пристапни цени ќе обезбедат сигурен надомест на евентуални загуби предизвикани од природни катастрофи.  

Организатори на конференцијата се Агенцијата за супервизија на осигурување, Европа Ре, Светската банка, Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија.

Покрај владини претставници на првата регионална конференција од ваков вид учество зедоа и претставници на регулаторни тела, осигурителни компании, како и на компании за мапирање ризици кои ќе ги претстават комплексните осигурителни производи кои треба да бидат развиени во регионот на Југоисточна Европа со поддршка на Светската Банка.

{loadposition content9}