Skip to main content

Велики Четврток потсетник за страдањето на Исус Христос

Велики Четврток  потсетник за страдањето на Исус Христос.

 |  Валентина Неловска  | 
jajca
jajca

Денеска е Велики Четврток. Црквата на овој ден споменува за светото миење на нозете, тајната вечера и предавањето на Синот Божји. Во храмовите верниците се молат за прошка. Од рано изутрина домаќинките бојадисуваат три јајца. Црвеното јајце во христијанството е симбол на воскресението Христово. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос. Црвената боја ја означува крвта на Исус Христос, тој ја дал неговата крв да не спаси од гревовите. Во домовите се прават подготовки за пречекот на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение.  Охриѓанката  Весе Бабачева раскажува за адетите во нивното семејство поврзани со подготовките за Велигден. Со  првите сончеви зраци на Велики Четврток, Весе ги буди домашните  и со првото јајце им поминува по лицата jajcaизговарајќи ги три пати зборовите: “црвено, бело, дебело“!

„ Домаќинката станува во 5 часот наутро, го вапсува првото јајце и го вади надвор на сито во црвена подлога за да го види Господ. Подготвувам утринско кафе за себе и својот сопруг ,  па потоа продолжувам со вапсување на сите јајца. Постои верување дека јајцата вапсани на овој ден не се расипуваат“, вели Бабачева.

Весе Бабачева раскажува дека покрај ритуалот на вапсување на јајца  пред големиот христијански празник го  средува домот и подготвува храна  карактеристична за Велигден.  Во славењето  на празникот Велигден варошани имаат  своја карактеристика, напоменува Бабачева.
Babacevi
„ Вечерта спроти Велигден ја поставуваме масата. Ги поставуваме колачот, јајцата,  јагнето. Одиме во црква во 23 часот носиме секој по едно јајце. На полноќ  по црковната литургија по поздравот Ристос Воскресе, се чукаме со јајца. Со запалени свеќи се враќаме дома за да донесиме здравје и светлина во домот. Седнуваме на маса. Домаќинот не поздравува со велиденскиот поздрав, три  пати  се пее Ристос Воскресе па потоа вечераме , таква е традицијата во Варош,  мора  да се вечера. Масата не ја раскреваме само ја покриваме со чаршаф“.   

На Велигден трпезата не може да се замисли  без печено јагне , но и други делиции, вели Весе. Таа покрај печеното јагне задолжително подготвува јагнешка чорба, дроб сарма,  козињак, комизброд, кифлички, торта. Секое христијанско семејство се труди што посвечено  да го одбележи најголемиот христијански празник Велигден со убави  мисли,  молитви  и верба во Господ.

{loadposition content9}