Skip to main content

Велигденски хепенинг во училиштето Григор Прличев

Шарени велигденски јајца, декорирани кошнички и други велигденски украси подготвија вредните раце на учениците од О.У. „Григор Прличев“. Воедно денес во ова училиште се одржа и хепенинг по повод големиот христијански празник Велигден. Сите средства собрани од денешниот настан ќе бидат наменети за хуманитарна цел.

 |  Николоска Биљана  | 
veligdenski hepening
велигденски хепенинг

veligdenski hepeningПо повод претстојните Велигденски празници во  О.У. „Григор Прличев“ се одржуваат низа активности поврзани за овој голем христијански празник. Меѓу многуте збиднувања беше и денешниот  Велигденски хепенинг како и Велигденската работилница на која активно учествуваа учениците. На штандовите во училишниот двор можеа да се видат најразлично изработени украси, предмети, сувенири, кои го симболизираат овој празник. Децата задоволни од сработеното.

„Јас ништо не направив, ама купив нешто од мојата другарка, јајца на еден лист со секакви лепенки, вели една од ученичките. Другата пак кажа дека изработила зајче и кошничка.

Околу организацијата на денешниот хепенинг се погрижи психологот Анастасија Настоска. Таа нагласи дека децата низ игра и забава успеаа да направат интересни работи, што ќе ги израдуваат охриѓани по повод велигденските празници.

veligdenski hepening„Од нашите креативни дечиња изработени се шарени јајциња кои ги изработија на часовите по ликовна уметност, техничко и природни науки со помош на наставниците и со подршка на нашето училиште. Овој хепенинг продолжува, со хуманитерна цел“– вели Настоска.

Силвија Мојсоска, директорката на О.У. „Григор Прличев“, на сите граѓани од христијанската вероисповед ги честита Велигденските празници, и  посебно ја пофали работата на учениците кои учествуваа во активностите по повд празникот.

„Многу се радуваме кога ги гледаме дечињата со насмевка кои преку песната и играта сакаат да ги пренесат велигденските желби вредно работаа денес имаа можност да ги продадат своите изработки. Ние продолжуваме за секој празник да подготвуваме пригодна програма“– рече Мојсовска.

Среќните и задоволни родители, баби, дедовци со задоволство купуваа од  делата на своите деца, внуци, а овој настан за нив беше и дружба со најмладите. Акцијата на учениците денес продолжи и на градскито пазар со продажен штанд со велигденски јајца, на Велигденскиот саем кој ќе трае до сабота.

{loadposition content9}