Skip to main content

Детали за двете германски инвестиции што треба да вработат 1800 охриѓани

Директорот на дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо на денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ДПМНЕ,  се осврна и на делот со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион.

 |  Мишел Наумоски  | 
mizo investicii
мизо инвестиции

На денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, изнесени повеќе детали околу двете најавени германски инвестиции кои би требало да се реализираат во градов.

germanska investicijaСпоред Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо, ова е знак дека веќе започнува целиот ланец на компании и нивни добавувачи да доаѓаат во Македонија. Мизо смета дека со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, ќе значи доаѓање и на други компании во градов. Тој информираше дека претставници и од втората германска компанија која најавила 800 вработувања исто така престојувале во градов каде се запознале со можностите кои ги нуди Охрид.  Мизо, ја потенцираше важноста на германските инвеститори, особено на компанијата ODW electrik за која тој вели дека е главен добавувач на американската компанија Key Safety Systems, која пак ќе започне со градба на фабрика за воздушни перничиња во Кичево.  

dpmne za investicii„За ODW electric, важно е што тие ќе се тука следниот пат во средината на Мај и тогаш веќе ќе ги започнат сите активности околу потпишување на договорот со постоечкиот објект во кој ќе започнат со работа. Тоа е постоечки браунфилд објект каде што до крајот на оваа година ќе се вработени 100 луѓе, а потоа ќе започнат со градба на својот објект во слободната економска зона. Слободната економска зона во охридско-струшкиот регион е лоцирана од западната страна на аеродромот, веднаш до патот помеѓу Охрид и Струга, и она што е важно и можам да најавам денес е дека некаде во рамките на месец Август ќе се започне со градба на оваа зона и многу слично како случајот со слободната економска зона во Штип. Се започна со градба на зоната и паралелно за релативно краток временски период потоа ќе се започне со градба и на објектот на компанијата што значи дека некаде до средината на идната година треба зоната да биде функционална и опремена на начин да може да започне со работа и првиот инвестиција која се планира во овој регион.“-рече Виктор Мизо-директор на дирекцијата за слободни развојни зони.

{loadposition content9}