Skip to main content

Спас за стечајците, иднина за младите, СДСМ презентираше дел од изборната програма

На денешната прес конференција, присутен беше и носителот на кандидатската листа за пратеници од петтата изборна единица, Васко Ковачески.

 |  Мишел Наумоски  | 
promeni sdsm
промени сдсм

Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на СДСМ, во петтата изборна единица, Васко Ковачески, денес на средба со охридските кандидати за пратеници, но и средба со граѓани и бизнисмени од градов. Еве која е целта:

sdsm pres„Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби…..Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро.Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана власт продолжува со нови, чесни и искрени луѓе, со нов концепт и нова визија.“-рече носителот на листата за ИЕ 5, од СДСМ, Васко Ковачески.

Кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид пак, на денешната прес конференција се задржаа на проектите и реформите кои ги предвиделе во својата изборна програма.

sdsm programaЦелосно ќе го решиме проблемот со стечајните работници, преку обезбедување паричен надоместок за сите граѓани кои останале без работа поради приватизацијата, а имаат 15 години работен стаж со платени придонеси. Ќе ја субвенционираме каматата за кредитите  и ќе ги ослободиме претпријатијата од таксите за извозните царински декларации, кај кои вредноста на извозот е најмалку 50% повисока од вредноста на увозот. Ќе обезбедиме ефикасна, лесно достапна и едноставна информатичка поддршка на туризмот и туристичката промоција. Ќе воведеме неселективни и праведни субвенции за конкурентен развој на туризмот.“-вели Томислав Тунтев-кандидат за пратеник од СДСМ.

„Наш најголем приоритет ќе биде почитувањето на Уставот и законите, враќање на правната сигурност, принцип на отчетност на носителите на јавни функции, промовирање на јавни дебати за сите значајни прашања во државата, транспарентно трошење на буџетските средства така што министерот за финансии ќе има обврска во текот на постапката за носење на буџет да учествува во јавна дебата заедно со три лица предложени од опозицијата, зајакнување на пристапот до информациите од јавен карактер,целосна департизација на судството, намалување на драконските казни за 50% и реформирање на казнената политика која за разлика од сегашнтата пракса нема да се користи како средство за полнење на буџетот, за заплашување на граѓаните и затворање на фирмите. “-изјави Ѓоко Танасоски-кандидат за пратеник од СДСМ

siljanoski mladi„Идната влада на СДСМ ќе воведе нова политика за стипендирање на студентите преку државни стипендии и фискални олеснувања за фирмите кои ќе одвојуваат процент од добивката за стипендирање. Студентски град и нови студентски домови. Национална младинска лабораторија која ќе служи како организација на млади истражувачи од сите области. Зголемување на буџетот наменет за образование на 4,5-5 % од БДП. Реформирање на средните стручни училишта. Поврзување на стручното образование со пазарот на труд. Подготовки на учениците за следна фаза на пбразование. Поквалитетни учебници. Фонд за научно истражувачка дејност.“-вели Мишел Силјаноски-кандидат за пратеник од СДСМ

{loadposition content9}