Skip to main content

ВМРО Народна: Југозападниот регион целосно да стане технолошко-индустриска развојна зона

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО Народна партија, Владо Цветкоски, денешната прес конференција ја посвети на екомоскиот развој на југозападниот регион на Македонија, според него, токму овој регион е еден од најплодните со природни богатства и наместо да биде суровинска база за развој на скопскиот регион, тој смета дека треба менување на работите со што југозападниот регион би го добил заслуженото внимание.

 |  Мишел Наумоски  | 
logo
Лого

ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според Народна, за да се поттикне индустрискиот развој на југозападниот регион, треба истиот целосно да биде прогласен за технолошко-индустриска развојна зона. Рекоа дека токму ваков предлог ќе поднесат и во македонскиот парламент.

narodna razvojni zoni„Идејата е поволностите и условите што ги имаат странските инвеститори во постојните ТИРЗ да се достапни и за нашите производни капацитети во Југозападниот регион. Поголем дел од производни капацитети во  сите општини во 5-тата изборана единица стојат празни. Не е потребно да се градат посебни индустриски зони. Не е потребно да се гради патна и комунална инфраструктура  на државна сметка кога веќе постојат објектите кои лесно може да се прилагодат за соодветно производство. Пратениците на ВМРО НП при утврдување на буџетот за 2015 година ќе се заложат за одвојување на финансиски средства со кои ќе се изработат Генерални и Детални урбанистички планови на државна сметка за општините Охрид, Ресен, Битола, Крушево, Демир Хисар, Кичево Дебарска Жупа, Вевчани и Струга.“-вели кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО Народна партија, Владо Цветкоски.

{loadposition content9}