Skip to main content

Државата нема пари за финансирање на најуспешните математичари

Државата  нема пари за финансирање на најуспешните математичари.

 |  Валентина Неловска  | 
diploma
diploma

Теодора Бујароска од Охрид е државен првак по математика. Таа  интензивно се подготвува  за  учество на два важни меѓународни натпревари. Бујароска е дел од  тимот на 6-мината најдобри македонски  математичари кои од  2 до 7 мај ќе патуваат во Плевен, Бугарија, на Балканската Олимпијада. Од 3 до 13 јули, пак, ја чека  натпреварот на Интернационалната математичка Олимпијада во Кејптаун, Јужна Африка. Теодора вредно работи на совладување на математичките проблеми, но  ја мачи тоа што државата нема пари за репрезентацијата да ги покрие финансиските трошоци за патување  на натпреварите.   
Teodora
„Проблем е тоа што нашиот тим не е финасиран од државата и всушност тоа е она што не демотивира. Кога би имале дополнителна мотивација нашите успеси би биле уште поголеми. За мене е преголем успех што ќе бидам дел од тимот на Македонија и ќе можам да бидам дел од  некоја светска организација. Сертификат од светско ниво би ми помогнало понатака во изборот на универзитет за школување.“

Оваа талентирана 18 годишна ученичка во ОСУ Св. Климент Охридски се надева дека државата или општината ќе имаат слух  да ги финансираат патувањата за престојните натпревари.
Инаку, ова не е нејзино прво учество на меѓународно одмерување на математичките знаења. Бујароска пред три години учествувала на Балканската Олимпијада во Кипар и од таму  се вратила со србрена медалја. Од искуствата споделени со врсниците на меѓународни натпревари напоменува дека зад успехот на останатите реперезентации секогаш стои државата.  Тоа  не е случај со нас македонските математичари од државните  средни училишта туку сме препуштени сами на себе, вели Теодора.   

„ Секој е препуштен сам на себе за жал. Немаме стручна помош. Мојот ментор се труди во своите можности, но тоа не е доволно. Би сакала да имаме дополнителни часови што ќе се вон наставниот процес и што ќе помогнат во натпреварите. Многу се разликува школската програма од  она што се бара на натпреварите“, додава Бујароска.
 
Теодора Бујароска вели дека на престојните натпревари има силна конкуренција и добро подготвни деца, но потајно посакува да освои некоја награда или сертификат. Тоа би и помогнало  нејзиниот сон да стане стварност. Посакува по завршувањето  на природно математичка насока во охридската гимназија, да добие стипендија и да запише студии на престижниот универзитет Кемриџ во Англија.  Таа е одлична ученичка талентирана за природните науки. Но, покрај математиката и физиката, таа е добра и во странските јазици и музиката. Завршила основно музичко училиште и свири флејта.

{loadposition content9}