Skip to main content

Кузески: Болниците се претворени во месни комитети

Здравството во Охрид повторно тема на денешната прес конференција на ОО на СДСМ. Гласноговорникот на СДСМ Александар Кузески, обвинува дека здравствените работници во градов никогаш, не биле толку понижени, омаловажени и малтретирани.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

kuzeskiБолничките установи се претворени во месни комитети, каде што директорот, заменик директорот или финансискиот раководител формираат штаб, издаваат налози за партиски активности и преку раководителите на одделенија и главните сестри, секојдневно спроведуваат мобинг врз вработените, обвинуваат охридските социјалдемократи. Портпаролот на СДСМ Александар Кузески побара од надлежните одговори за прашањата: зошто кога се вработуваа нови лекари, се примале само општи лекари, синови и ќерки на партиски активисти на ДПМНЕ, исклучиво по партиски клуч, наместо да бидат примени луѓе кои веќе биле на специјализација?!

„Болницата „Св. Еразмо“ или Костозглобна беше спомната како една од болниците што требаше да изврши набавка на апаратура од Визарис, а до ден денес здравствените работници таму не добија одговор дали е извршено авансно плаќање, затоа што апаратурата се уште ја нема. Дали најавуваната реконструкција на оваа болница и најавеното преселување на интервентниот дел од Кардиолошкиот завод таму, ќе доведе до уништување и пустење на уште една елитна здравствена установа, и создавање на уште едно сениште по примерот на Специјалната детска болница. Дали намерата да се исели, распарчи и растури Кардиолошкиот завод всушност не претставува партиски финансиски дил, за да може приватна здравствена установа, многу блиска до власта на ДПМНЕ, да си го лапне на готово за ич пари делот за рехабилитација на пациентите.“

{loadposition content9}