Skip to main content

Охридските пензионери се запознаваа со своите права од здравственото осигурување

Денес Фондот за здравствено осигурување им организираше едукативна работилница на која и самите пензионери добија можност да поставуваат прашања околу нивното здравствено осигурување.

 |  Мишел Наумоски  | 
penzioneri
пензионери

Пензионерите од Охрид и Дебрца денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување, како и последните измени околу важноста на упатите и начините на упатување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива.

penzioneri rabotilnica„Пензионерите се најранливата група кој анајмногу ги посетува здравствените установи. Мислам дека во тој поглед денес оваа работилница ќе помогне барем на дел од пензионерите да изнајдат и разрешат дел од проблемите што ги имаат, сигурно ќе имаат и такви прашања.“-вели претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова вели дека блиската соработка која ја договориле со републичкиот Сојуз на пензионери започнува токму со овие работилници. Со цел што подобро информирање на пензионерите, во тимот на Фондот доаѓаат и правник и лекар со кои ќе дискутираат на две теми кои тие ги договориле во дослух со пензионерите.

fzom rabotilnica„Првата тема е како полесно да си ги остварат своите права од здравствено осигурување самите осигуреници, односно пензионери и тука ги најавуваме, односно ги објаснуваме последните новини кои се однесуваат дали во упатувањето во здравствениот систем, дали во правата односно обврските на матичниот лекар, обврските на аптекарот односно аптеката кон осигурениците и како полесно да си ги остварат своите барања во подрачното одделение на Фондот завршувајќи со електронската здравствена картичка. Втората тема за која дискутира нашиот доктор односно мојот советник е посветена на здравјето. Ние како Фонд, од оваа година започнавме да го следиме светскиот тренд на здравствените системи, покрај лекувањето да се фокусираме и на здравјето на нашите осигуреници односно на превенцијата.“-рече директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Змејкова вели дека во текот на оваа и наредната година заедно со матичните лекари ќе започнат и со скенирање на здравствената состојба на целата популација за трите најсериозни заболувања, а тоа се кардиоваскуларните заболувања, бубрежната слабост и дијабетесот. Инаку од Фондот информираат дека барем во нашиот град, целиот процес околу издавање на електронските здравствени картички е при крај, односно веќе 85 проценти од населението ги подигнало и ги користи овие здравствени картички.

{loadposition content9}