Skip to main content

Стружанец во притвор поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“,  и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr krivicna
свр кривична

svr ohridПоради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“,  и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава.

Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

На 23-ти овој месец во 09 часот и 25 минути, сега притворениот И.Л.  со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Потоа тој заканувајќи и се со убиство, со пиштолот ја удрил вработената во главата по што самиот, од сефот и од пулт касата почнал да ги зема парите и да ги става во црна ташна која ја имал со себе. Во моментот, вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега при што е совладан а потоа и приведен. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба М-75 ставена во пластична обвивка.
Пиштолот марка „Црвена застава“ што бил сопственост на неговиот татко, рамката со пет куршуми заедно со пронајдената бомба се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.  

{loadposition content9}