Skip to main content

Ќе се пишува монографија за Охрид

Историјата на Охрид ќе биде ставена во едно луксузно издание. Се подготвува монографија за градов во која ќе бидат опфатени сите позначајни настани Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
most na zelbite
мост на желбите

Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој.охрид

-Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина изработка, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

Веќе се потпишуваат договорите со еминентни луѓе од градов кои ќе учествуваа во изработката на монографијата.

Охрид досега не поседувал ваква монографија, вели Апостолов. Таа ќе се користи само за промотивни цели, а не и за комерцијални, додава тој. Монографијата ќе биде луксузно издание со убав лик и богата содржина.

{loadposition content9}