Skip to main content

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Деновиве ова ЈП ќе има дополнителна работа и поради најавените концерти кои ќе се одржат во градов. После ваквите настани вообичаено останува смет расфрлан насекаде кој „Комуналец“ треба да го чисти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kontejner
контењери

Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило.елена скрческа

За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат контејнери во централното градско подрачје и во доцните ноќни часови. Во другите делови од градот сметот ќе се подига со зацртаната динамика, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец“.

Дел од вонредните активности кои ова ЈП ги има во летниот период ги покрива со дополнителна работна сила. Хонорарци ангажирале во месец април и сега пред две недели се со цел да нема никакви пропусти во работата, објаснува директорката. kontejneri
Деновиве ова ЈП ќе има дополнителна работа и поради најавените концерти кои ќе се одржат во градов. На први август на СРЦ „Билјанини извори“ концерт ќе одржи балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, на втори август на Антички ќе настапи легендарниот ди- џеј Дерик Меј со Македонската филхармонија. Во наредниов период има повеќе најавени  концерти и во ноќните локали и плажи низ градов. Според искуствата од минатите години после ваквите настани на кои публиката се забавува и ужива притоа не мислејќи воопшто на хигиената,  останува смет расфрлан насекаде не само на местото на настанот туку и во околината. Сето тоа досега го чистеле од ЈП „Комуналец“.

Ние секогаш сме подготвени да ја извршиме таа услуга во договор со организацаторот на таа манифестација. Склучуваме договор  според нашиот ценовник на услуги и така постапуваме, вели Скрческа.

Но, директорката додава дека склучувањето на ваквите договори оди многу тешко. Ние чистиме бидејќи не можиме да дозволиме да го оставиме градот во таква состојба, а за тоа едвај успееме да наплатиме, вели Скрческа. Минатата година после големиот концерт на Жељко Јоксимовиќ кој се одржа на СРЦ „Билјанини извори“ теренот бил буквално прекриен со пластични шишиња, лименки и што уште не кои ги исчистиле екипите на „Комуналец“, а организаторот не сакал да им плати за сработеното па морала во сето тоа да замеша прсти и комуналната инспекција и да им достави опомена дека доколку не му ги подмири трошоците на Комуналец, ќе следуваат казни. Опомената вродила со плод па ЈП добило надомест за сработеното.

{loadposition content9}