Skip to main content

Непознати мотивите за двојното убиство во Охрид

Непознати мотивите за двојното  убиство во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
полиција
полиција

Околу 23 часот, синоќа со огнено оружје биле  убиени двјаца охриѓани , едниот на 56 годишна возраст сопственик на ресторанот Император  и 38 годишниот  Р.Ѓ од Лескоец . Во нив пукал 30 годишниот охриѓанец Б.П. Полициските органи поднеле кривична пријава и интензивно трагаат по него , а лицето кое било со него за време на убиството , исто така 30 годишен охриѓанец, Р.С. е лишено од слобода, информираат од Свр Охрид.  Убиството се случило на летната тераса од ресторанот каде што имало и други гости.
убиство
„ На летната тераса го застрелал едно од убеините лица ,38 годишен жител од Лескоец, по претходнa вербална и физичка пресметка. Потоа го извадил пиштолот, кој го поседувал нелегално,  пукал кон сега убиеното лице во пределот на рамото. Жртвата, пред да им подлегне на повредите  се упатил кон рецепцијата на ресторанот и во тој момент , лицето кое сега  е во бегство, испукало уште 2 куршуми во близина на рецепцијата, а кога се појавил и сопственикот на ресторанот пукал кон него во градниот кош“, информира портапаролот на СВР Стефан Димоски.

Истрагата треба да покаже дали сопственикот на ресторанот бил мета или случајно се нашол на патот на напаѓачот.
По убиството двете лица го напуштиле ресторанот и се упатиле со автомобил марка  БМВ кон центарот на градот. Лицето кое пукало излегло од возилото на пресекот на улиците 7 -ми Ноември и Васил Главинов и избегало во непознат правец. Мотивите за убиството се уште не се утврдени, дополнително ќе се утврдува дали станува збор за должничко доверителски односи. Според наводите во кривичната  пријава за Б.П. и Р.С.  е покрената  кривична пријава со која се товарат за кривично  дело убиство и неовластено држење оружје и муниција. Двете  лица кои учествувале во убиството од порано се познати на полициските органи.
  ресторант 
„Лицето кое е во бегство е познато, како и приведеното , и против него се поднесувале соодветни кривични пријави. Лицето кое е во бегство било и затворски осудувано.“  

За 10-тина дена ова е второ двојна убиство во Охридско-струшкиот регион. Во Вевчани беа убиени двјца жители  од  свој  сограѓанин.

Од СВР велат дека со овие два настани нема нарушување на безбедносната состојба во  нашето подрачје затоа што станува збор за поединечни инциденти. Портпаролот Стефан Димоски потенцира дека полициските органи нема да дозволат нарушување на бебедносната состојба.

{loadposition content9}