Skip to main content

Историско издание на 27та Седница на совет

Охрид од денес има нов грб и знаме, кејот „Маршал Тито“ е кеј „Македонија“ а општината доби зелено светло кредитно да се задолжи кај Светска банка. Овие одлуки беа донесени на денешната 27ма седница на совет после многу жолчни дискусии во кои се потенцираа познавањата од историјата и патриотизмот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica
седница

Историско издание на 27та Седница на совет. Покрај тоа што се водеа дискусии поврзани со поблиската и подалечната историја на државава на оваа седница се донесоа и историски одлуки за градов. Охрид од денес има нов грб и знаме. Советничката група на СДСМ побара оваа точка да биде тргната од дневен ред со објаснување дека вака важни одлуки не треба да се носат избрзано, нетранспарентно и без при тоа да биде запознаена пошироката охридска јавност. Тие реагираа на тоа дека не била запазена постапката при донесувања на вакви решенија. Секретарот на Општината Димитар Спасески објасни дека нема повреда на постапката.sednica

Всушност новиот грб не е нов туку стариот хералдички е дообработен и тргнато е логото на УНЕСКО на што оваа светска организација реагираше со години наназад со забелешка дека во грбот на Охрид е злоупотребено нивното обележје. Во ваква ситуација не се започнува постапка како кога одново се прави грб на еден град, објаснува секретарот.грб на охрид

Ова пред присутните во салата го потврди и преставникот на Хералдичкото здружение на Македонија кој беше дојден специјално од Скопје за на советниците да им ги презентираат новите идејни решенија за грбот и знамето на Охрид. На грбот зачувани се истотиските симболи, хералдички се обработени и додадени се уште некои нови елементи. Градов ќе има грб во три големини, мал, среден и голем и секој ќе има своја намена. Големиот е обвиен со дабови гранчиња, а најгоре има круна со бисери и рубини. Знамето на Охрид е во плава боја со карактеристични симболи за градов.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски рече дека покрај хералдичкото здружение за грбот и знамето на Охрид требало да се консултира и другата стручна јавност и дури тогаш да се избере најдоброто решение.

Ние не се согласуваме со ваквиот начин на донесување на вака историски одлуки за градот и сеуште стоиме на ставот дека не е запазена постапката, подвлече Јован Стојаноски, координаторот на советничката група на СДСМ.

Бурни и жолчни расправии предизвика и предлогот од Локалната за промена на името на кејот „Маршал Тито“ во кеј „Македонија“. Тука советниците почнаа да се  докажуваат  кој повеќе ја сака татковината, кој е поголем или помал патриот и кој колку ја познава историјата.sednica

Јас сум против преименување на кејот но тоа не значи дека не ја сакам Македонија, но ова не е начин. Имам впечаток дека граѓаните се заборавени и никој не ги праша за нивно мислење. Не гледам причина зошто би требало името на кејот да се менува, рече советничката Жаклина Лазареска.

Не знам како може воопшто да се дискутира на оваа тема. Па секако дека треба да се промени името на кејот и да добие македонски идентитет. Во градов нема ниту едно обележје со името Македонија. Ова требаше да се направи и порано, дециден е советникот Дејан Паноски.

На крај дискусијата околу оваа точка ја заврши Градоначалникот Никола Бакрачески.

Слушам и не можам да им верувам на ушите , гледам и не можам да им верувам на очите. Оваа точка наместо да биде изгласана со мнозинство вие овде водите жолчна расправа. Како да кејот не ќе е преименуван во името на државата туку во името на некој диктатор како Адолф Хитлер, Пиноче, Садам Хусеин или Муамер Гадафи. Па сите ние треба да сме горди кејот да се вика Македонија, подвлече Бакрачески.

Откога на сите присутни ни беше одржан историски час точката беше изгласана па сега шеталиштето го носи името „Македонија“. Изгласани беа уште две точки кои беа предлог на советничката група на СДСМ. Тоа се маларичната да го носи името на познатата докторка Елена Етингер Каваева, а стартелството за нејзиното вечно почивалиштеда  го превземе Локалната.
Беше изгласана и точката за кредитното задолжување на општината со пари од Светска банка.

{loadposition content9}