Skip to main content

Ставен камен темелникот на новата индустриска зона кај Струга

Ставен камен темелникот на новата индустриска зона кај Струга. Премиерот Никола Груевски рече дека отварањето на оваа зона ќе значи економски просперитет на регионов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kamen temelnik
камен темелник

Денес со поставување на камен темелникот свечено се означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона лоцирана во струшко-охридскиот регион. Ова беше долгогодишна заложба на Владата на РМ и се реализира многу побрзо од очекуваното.индустриска зона

Она на што сум посебно горд е што цел овој процес се скрати за една година заради одредени измени кои ги направивме во Законот за јавни набавки на едно автентично толкување кое јас го поднесов, а кое овозможи убрзување на сите постапки. Тоа се случи на крајот на јули, а еве сега на крајот на август веќе имаме започнување на активности за изградба на зоната, рече пратеникот Александар Николовски.industriska zona

Зоната е со вкупна површина од 30 хектари, ќе се гради во катастарската општина Мислешево, на оддалеченост од 4,5 км од Струга, а на 10км од Охрид и 164км од Скопје. Зоната се наоѓа во непосредна близина на аеродромот Св. Апостол Павле, на 14 км од граничниот премин Ќафасан према Албанија и  на 96км од Меџитлија према Грција. Премиерот НИКОЛА Груевски рече дека уште едно ветување дадено пред граѓаните денес започнуваат да го реализираат.

Мило ми е што со институциите успеавме да ги надминеме сите  помали проблеми кои се јавуваа во изминатиот период од имотно правен карактер и што конечно можеме да  стартуваме со изградба на технолошка индустриска развојна зона Струга – Охрид. Важно е што ова зона ќе опфаќа четири општини како што се Струга, Охрид, Вевчани и Дебар, но и што е многу блиску и до останатите од регионов, рече премиерот.

И министерот за економија Беким Незири рече дека ова е историски ден за охридско струшкиот регион

Особена чест и задоволство ми е што  денес како влада  реализиравме едно ветување кое го дадовме пред неколку месеци. Отварањето на оваа зона ќе значи економски просперитет на овој регион, подвлече Незири.


Директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони на Р.М., Виктор Мизо рече дека фирмата ОДВ Електрик веќе е заинтересирана за изградба на свој капацитет во оваа зона во кој планирано е да се вработат околу 1000 луѓе.камен темелник

Овој регион е со голема индустриска традиција но голем број индустриски капацитети кои постоеја за жал се затворени и не се во функција. По отварањето на зоната ќе започне процесот  на отварање на нови индустриски капацитети. Зоната во Струга ќе преставува индустриски комплекс кој со влез на нови инвестиции ќе овозможи креирање на нови работни места, развој и примена на нови технологии и зголемување на конкурентноста во меѓународната трговска размена, рече Мизо.

Премиерот, министерот за економија, градоначалниците на Охрид и Дебарца, Бакрачески и Трајкоски  и вице премиерот Пешески ветија дека напорно продолжуваат да работат на економски просперитет на земјава.

{loadposition content9}