Skip to main content

Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“

Водените лудории се дел од спортско лето во организација на ЈП „Билјанини извори“ и се под покровителство на општина Охрид. Идејата на организаторитер била да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе години. Догодина се планира да станат регионални

 |  Јаковлева Лионела  | 
ludorii
лудории


Екипата „Делфина 2012“ победник на „Водените лудории“ кои вчера се одржаа на охридскиот базен „Атина Бојаџи“. Нејзините десет членови беа најбрзи, најиздржливи, најдобро сконцентрирани, а и најсреќни па во седумте игри успеаја да постигнат добри резултата што накрај им ја донесе победата.водени лудории

-Можам да кажам дека беше доста забавно и интересно, се надевам дека и другата година ќе има исто вакви игри и дека ќе се пријават повеќе екипи од годинава, рече Теодор Андоноски натпреварувач од „Делфина 2012“.

На водените лудории учествуваа уште три екипи. Второ место освои тимот на Кадмо, трето Св. Стефан и четврто екипата на ВИС ПОЈ. Се натпреваруваа во игрите подморница, рафтинг, кошарка во вода, воз, модна писта, реморкер и сунѓерот боб. Водените лудории се одвиваа под будното око на 5 мина судии , еден главен и 4 -ца на терен, и 10-тина волонтери кои се грижеа за поставувvodeni ludoriiање на реквизитите. Овие игри се дел од спортско лето во организација на ЈП „Билјанини извори“ и се под покровителство на општина Охрид. Идејата била да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе години. Намерата на организаторите била дружба на младите во Охрид, промовирање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, јакнење на тимската работа, вели Наум Јамандиев главен судија и координатор на игрите.

Временскиот рок беше малку пократок од она што вообичаено е потребно за вакви настани. Треба еден подолг временски период за тие да се организираат подобро, но како за прв пат ние сме презадоволни, рече координаторот на игрите.

Јамандиев вели дека наредната година интенција на организаторите ќе биде игрите да станат регионални, да има поголем број екипи и да се вистинска атракција и за охриѓани и за гостите.

{loadposition content9}