Skip to main content

Во охридскиите образовни институции превземени се сите мерки против заразната жолтица

Во училиштата покрај вообичаените активности пред школската година ова лето се превзедоа и дополнителни. И во градинките ништо не е оставено на случајност.

 |  Јаковлева Лионела  | 
renoviranje
реновирање

Образовните институции од градов подготвени за почетокот на новата учебна година. Директорите на основните училишта во градов но и на средните велат дека вообичаено секое лето пред почетокот на новата учебна година генерално се чистат објектите, но оваа година поради прогласувањето на епидемија од жолтица во некои општини во државава, превземени се и дополнителни мерки.

Градинките добија директен налог за спроведување дополнителни мерки , од Министерството за труд и социјална политика.

Ние постојано одржуваме високо ниво на хигиена, но овојпат извршивме и дератизација, дезинсекција и дезинфекција, сега следува периодот на земање брис од вработените и децарта, вели Розе Костеска- директор на ЈОУГД „ Јасна Ристеска“.

Костеска вели дека тие редовно водат сметка за хигиената во нивните објекти. Храната во кујната се подготвува по високи стандарди, зеленчукот и овошјето темелно се мијат и термички се обработува на висока температура. Обавезно се води сметка за личната хигиена на дечињата и персоналот. Секојдневно од страна на Центарот за јавно здравје се земаат мостри од храната која мора секогаш да биде свежо подготвена. Костеска објаснува дека имаат секојдневни контроли и од Санитарната инспекција. Апелира родителите доколку забележат некаков здравствен проблем кај своите деца да не ги носат во градинка.
Генерално сите школски и предшколски институции во градов ги превзеле или ги превземаат сите мерки како не би дошло до појава на жолтица или на некоја друга заразна болест.

{loadposition content9}