Skip to main content

Нова учебна година, стари маки

Се ситнат деновите до почетокот на новата учебна година. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец.

 |  Јаковлева Лионела  | 
knizara
книжара

 

Започнуваат главоболките кои се вообичаени пред почетокот на секоја учебна година. Се ситнат деновите до први септември. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец. Само за илустрација тетратките од мал формат чинат од 15 до 35ден., тетратките од А4 формат чинат од 30 до 60ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука секако треба да се издвојат пари и за ножички, блок, тафетпапир, пластелин и др. Доколку на вашето прваче сакате да му купите и квалитетен ранец тоа   ќе ве чини од 1400 па до 2400 ден. книжара

Цената ја диктира квалитетот. И самите родители веќе почнаа да купуваат поквалитетен прибор како што се тетратки, фломастери, боички и друго, но многу внимаваат и при купувањето на ранец. Доколку е понеквалитетен ранецот многу брзо се уништува па родителот за една година ќе треба да купи нов. Подобро да го плати поскапо а детето да го користи неколку години. Многу често, се случуваше наместо да заштедат тие да мораат двојно да платата за еден ист производ, вели Димитар Саков, раководителот на книжарницата „Алби“.knizara

Саков кажува дека првачињата и вторачињата вообичаено со прибор се снабдуваат по започнувањето на школската година, додека останатите ученици веќе се подготвиле за на училиште.

Интересот пред почетокот на учебната година е задоволителен, но ние и во текот на летото продававме школски прибор, посебно ранци. На тој начин родителите си го растеретуваат буџетот да не им дојде сега се наеднаш, објаснува Саков.

Во книжарниците сеуште ги нема оние вообичаени гужви. Најгусто ќе биде наредната недела. Книжарниците се добро снабдени па нема потреба од нервоза и турканици, велат вработените. На првачињата и останатите ученици им посакуваат успешен почеток и убава учебна година.

{loadposition content9}