Skip to main content

Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион

Немилосрдно се сече шумата во охридско-струшкиот регион. Дрвокрадци пустошат ноќе и ги продаваат дрвата за пониска цена со што добро профитираат. СВР Охрид спроведе голема акција за сузбивање на оваа појава. Се пишуваат и кривични пријави.

 |  Јаковлева Лионела  | 
drva
дрва

Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира. Организирани групи собираат големи количини огревно дрво кое со патнички, теренски и товарани возила најчесто го превезуваат ноќе и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот. Според граѓаните кои биле очевидци најмногу дрвокрадци има на планината „Петрино“и тоа над селото Велгошти. Се сечат сите видови дрва, но најмногу се сече бука, велат тие. Според Секторот за шумска полиција при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија најзагрозен дел од дивата и бесправна сеча во Охридскиот регион е дрватаканаречениот „Буковски дел“ односно Шумско стопанство единица „Буково“ и Шумско стопанство единица „Мазатар“ каде припаѓаат населените места Велгошти, Скребатно, Лескоец, Банила, Љубоишта, Сирула и Куратица. Од СВР Охрид велат дека сериозно работат на сузбивање на оваа појава. Денес на подрачјето на Охрид и на другите места кои ги покрива СВР биле превземени интензивни мерки.

Во тек се активностите на полициските службеници за сузбивање на овој криминал и до овој момент одземени се неколку товарни моторни возила со кои се вршел нелегалниот транспорт, во тек е и проверувањето на складовите, а разговарано е и со повеќе сторители на ова казнено дело, кажува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.drva


Досега се исконтролирани 8 легални складишта на огревно дрво, а кај 3 се затекнати неправилности и поднесени се три прекршочни пријави. Активностите се превземаат во соработка со УЈП, шумската полиција, катастр и македонски шуми. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека во изминатите два месеци во охридско биле затекнати 72 лица кои го прекршиле Законот за шуми. Одземени биле 21,4 метри кубни огревно дрво и 0,5 метри кубни техничко дрво. Исто така одземени биле 6 патнички моторни возила, 2 товарни моторни возила, 2 приколки и 3 моторни пили. Од јануари до август 2014 година за нелегална сеча на дрва, Секторот за шумска полиција до Основниот суд во Охрид поднел 20 прекршочни пријави, а до Основното јавно обвинителство во Охрид биле поднесени 20 кривични пријави.

-Во текот на денешниот ден поднесена е една кривична пријава против лицето Н.Н., управител на правно лице кое имало одредени ингеренции и овластувања во делот на продажба на огревно дрво на физички лица, вели Димоски.

Од СВР потенцираат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период и тоа на територијата на општина Охрид, Струга и Кичево. Тие се дел од акцијата „Гора“ која ја спроведува МВР. Контролите ги вршат патроли кои го контролираат теренот односно транспортот на огревно и техничко дрво, сечата во сечиштата во шумата, складирањето на огревното дрво во дворните места и складишта, како и откупот и продажбата на дрво.

{loadposition content9}