Skip to main content

Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни

Резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни, тврди директорот на Р.Е. „Водовод“, Томе Паскалоски. Нападот кој неодамна се случи врз вработен во ова ЈП на сред бел ден е редок и изолиран случај и истиот нема влијание врз загрозување на безбедноста на водата за пиење.

 |  Николоска Биљана  | 
proakva
проаква

proakvaДеновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски.

„Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со заштитни огради, со тешки бетонски плочи, изѕидани и заклучени и има лице кое е одговорно за обезбедување на соодветните објекти. Лицето кое е нападнато на сред бел ден од зад грб, тоа е лице кое поседува лиценца за обезбедување“– вели Паскалоски.

paskaloskiПаскалоски категоричен дека резервоарот на „Сирма Војвода“ подолг временски период не се користи за водоснабдување на граѓаните на Охрид туку во моментов за таа намена експонирани биле двата најголеми резервоари Студенчишта 1 и 2, Летница, Бирлишта, Пониква, Орман и од пумпната станица во Метропол. Тој одговорно тврди дека ниту напаѓачот ниту било кој друг може да ја загрози безбедноста на водата од резервоарите на било кое место, бидејќи постои 24 часовна чуварска служба, но сепак смета дека местата каде што се сместени резервоарите и каптажите треба да се обезбедуваат на повисоко ниво.

„Во иднина ние ќе го подобруваме обезбедувањето. Во постапка е изработка на елаборат за заштитни зони од градежен институт Скопје, во постапка се сите геодетски елаборати за имотно правните односи на резервоарите и каптажите кои припаѓаат на Водовод планираме перспективно да воведиме и електронсски мониторинг со камери обезбедување а можеби во иднина се надевам дека следна од мерките специјализирана фирма за обезбедување како би се намалил бројот на вработените ние сме во постапка за нова систематизација“– појаснува Паскалоски.

Според изјавите на Паскалоски ова е прв пат да биде извршен напад на чувар. Досега не била доведена во опасност безбедноста на резервоарите за вода.

{loadposition content9}