Skip to main content

Сложен е процесот на спроведување на полициската обука

Размената на искуства како и заедничките обуки на полициските институции од земјите во регионов, посебно поврзани со борбата против организираниот криминал е од големо значење при спорведување на полициската обука.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Тука, процесот на селекција на полициски службеници е доста сложен,  истакна Гоце Бачанов  началник на Центарот за обука при Биро за јавна безбедност на МВР.

конференција„Откако ќе заврши процесот на селекцијата, сите селектирани кандидати за полицајци потпишуваат договор за обука.Тоа не значи дека тие се полицајци туку во периодот додека трае обуката од една година истите се обучуваат . Свесно МВР селекира 10% повеќе кандидати за да за време на обуката постои натпреварувачки дух меѓу нив и најслабите 10 кандидати кои ќе имаат најслаби резултати нема да бидат земени во предид за вработување“ вели Бачанов.

Кога станува збор за  Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука , во овој дел Република Македонија има предност пред останатите земји од регионот посебно во однос на техниката и технологијата на мерење на компетенциите. Размената на искуства како и заедничките обуки посебно поврзани со борбата против организираниот криминал е од големо значење при спорведување на полициската обука, а веќе е во тек двегодишна програма за размена на инструктори и на слушатели на полициите од земјите во регионов. Така на пример, Министерството за внатрешни работи од соседна Србија, спроведува мноштво програми за борба со најразлични видови криминал, вели  Божидар Роташевиќ – Заменик началник на Управата за образование МУП – Република Србија.

obuka„Имаме навистина развиена обука за откривање и демонтирање на тајни лаборатории за производство на наркотици, па така ЕУРОПОЛ е заинтересиран во тој центар на Митрово Поле да се спроведуваат регионални обуки“ објаснува Роташевиќ.

Во Црна Гора на пример, многу се посветува на практичниот дел од наставата на идните полициски службеници, каде е изграден и своевиден мал град посебно за изведување на практичниотдел од наставата. Но полициската тактика не е доволна да се биде добар полицаец, вели  Тања Триповиќ – пом.директор на Полициската академија на Црна Гора.

„Во принцип мислам дека понекогаш премногу се очекува од полицајците. Најважно мислам е полицаецот да биде учтив, да има добра комуникација со граѓаните и после тоа сите тие вештини кои се стекнуваат или за самоодбраната или за полициската тактика се тоа може да се научи преку тренинг“ додава Триповиќ.

Инаку денес се одржа втората по ред регионалната конференција насловена како  “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“, по иницијатива на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со поддршка на ИЦИТАП програмата при амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ во земјава. На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на десет земји од регионов.

{loadposition content9}