Skip to main content

Улицата Јордан Мијалков сеуште чека реконструкција

Улицата Јордан Мијалков влезе во програмата за 2014 та година. Но од Локалната не откриваат детали што е предвидено со проектот за оваа улица. Од таму велат дека таа е дел од  таканаречената градежна есен во Општина Охрид која опфаќала опсежни градежни проекти. Што, како, каде и колку е предвидено да се  гради оваа  есен, се прашањата на кои охриѓани чекаат одговор.

 |  Николоска Биљана  | 
jordan mialkov
јордан мијалков

jordan mialkovУлицата „Јордан Мијалков“ во месноста Бејбунар конечно се најде во програмата за 2014та година на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Граѓаните кои што живеат на овој потег 5 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локација каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот.
Од Локалната Самоуправа пред една година немаа прецизна замисла што ќе се случува со оваа улица. Имаше најави од типот дека истата ќе го поврзува северниот дел на градот со патниот правец Охрид Св Наум. Но не ја исклучија и можноста оваа улица да биде од поголема важност односно да биде дел од долгонајавуваната изградба на новиот магистрален пат Косел – Охрид – Св. Наум. Бидејќи оваа улица влезе во програмата за 2014та година, побаравме информација од Локалната, што точно е предвидено со проектот за Јордан Мијалков. Од таму добивме сувопарен писмен одговор дека за ул Јордан Мијалков биле утврдени градежните активности согласно акциониот план. Понатаму во кусиот допис стои:

jordan mialkovСе очекува реализацијата на  проектот да биде дел од таканаречената  градежна есен во Општина Охрид кога истовренемо ќе отпочнат неколку опсежни градежни проекти на целата територија на Општина Охрид. Дел од проектите што следат произлегуваат од Договорот помеѓу општина Охрид и Светска Банка, дел се од издвоени општински средства а еден дел се директна поддршка на Владата на РМ за Општина Охрид.

После овој допис кој не ги содржи информациите кои ги баравме, до Локалната упативме подетални прашања:  Што точно е предвидено со проектот или акциониот план за ул Јордан Мијалков? Кои се тие опсежни градежни проекти во т.н. градежна есен? Дали во тие проекти е предвидено асфалтирање на улицата Сирма Војвода која што за Секторот за комунален развој  беше приоритет за изградба со отварањето на асфалтните бази оваа пролет но тоа не се случи. Овие прашања од одделението за односи со јавност ги препратиле  до раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот Зоран Рафтоски и секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески од каде чекаат понатамошни инструкции. А јавноста чека одговори.

{loadposition content9}