Skip to main content

Одлични резултати на охридските извидници

На Државниот извиднички натпревар, викендов  се одржа во с.Голозинци, општина Чашка во организација на Сојузот на извидници на Македонија, извидничкиот клуб „Пионер“ од нашиов град, постигна одлични резултати освојувајќи  го третото место во машка конкуренција.

 |  Голабовски Крсте  | 
izvidnici
извидници

izvidniciНа Државниот извиднички натпревар, викендов  се одржа во с.Голозинци, општина Чашка во организација на Сојузот на извидници на Македонија, извидничкиот клуб „Пионер“ од нашиов град, постигна одлични резултати освојувајќи  го третото место во машка конкуренција.

На натпреварот извидниците од целата земја имаа можност да ги покажат своите вештини од областа на ориентација во простор, топографија, подготовка на храна во природа, изработка на времени живеалишта, животни вештини и др. Извидниците од „Пионер“ покажаа исклучителна умешност и знаење, што им го донесе бронзеното одличје.

Од извидничкиот одред „Пионер“ сметаат дека постигнатиот успех ќе биде поттик за постигнување подобри резултати во иднина, но и инспирација за младите во Охрид да се придружат на извидничкото движење.

{loadposition content9}