Skip to main content

Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници

Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници.

 |  Валентина Неловска  | 
извидници
извидници

Филип Ѓорѓиески, Николче Костоски, Петар Танаскоски и Дарко Митаноски освоија бронзена медалја на републичкиот натпревар  за извидници. Ова е прв медал за извидничкиот одред Пионер и голема мотивација за понатамошната работа. Во конкуренција од 14 екипи во машка категорија екипно, во Македонија охриѓаните го освоија третото место. За нив тоа е голем успех затоа што во силна категоријаи само со 2 години работа во извидничкиот одред  покажаа одлични знаење во прва помош и заштита, ориентација и бивак- градење на засолништа.
извидници
„ Вложивме многу напор, искрено не го очекуваме тоа место и пласман, но со нашиот труд и слога во тимот постигнавме успех. Се залагавме  I не ни беше проблем да ги  oсвоиме планиските  врвови. Имавме мотив да ја постигнеме  целта“, вели  за успехот Филип Ѓорѓиески.

Николче Костоски додава дека ова ќе им биде мотив за следните  натпреварување да се закитат и со златен медал. Костоски појаснува дека не е тешко да се биде извидник и ја открива убавината на  извидништвото.
извидници

„ Извидништвото е начин на живот, тоа е цела филозофија. Кој бил еднаш извидник останува тоа цел живот. Извидништвото е семејство, секој за себе се грижи, но и  помага  на другиот кога е најтешко. Се вложува труд и треба да се има желба, се понатаму е многу лесно, раскажува Костоски како е д асе биде извидник.

Извидничкиот одред Пионер од Охрид има 35 членови во три категории;  Развигорци, Помлади извидници и Извидници. Вратите на извидничкиот одред  се отворени за сите заинтересирани момчиња и девојки кои сакаат да ги почуствуваат убавините на извидништвото. 

{loadposition content9}