Skip to main content

Локална: СДСМ е отсутна од случувањата во Охрид

Реакција од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на OO на СДСМ.

 |   | 
општина
општина

Реакција од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на OO на СДСМ.
 Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост:

општинаСДСМ Охрид продолжува упорно да прави репризи на своите јавни настапи и прес конференции и со нив да покажува отсутност од случувањата во градот и администрацијата, и да поставува исти прашања на кои и самата го знае одговорот бидејќи нивните советници добиваат одговори за се што ќе пројават итнерес, па така и за овие прашања.
Во оваа партија добро  знаат дека градбата на новата автобуска и домот за стари лица се во фаза на добивање на сите потребни дозволи, и наскоро ќе се најдат пред советниците од Советот на општина Охрид, по што ќе се пристапи кон постапка за објавување на оглас за продажба на земјиштето на лицитација и градба на овие објекти од заинтересираните инвеститори.
Индустриската зона за која зборувате, јавноста знае дека е во фаза на изготвување на урбанистички прект, а за неа веќе постои голем интерес кај конкретни странски инвеститори, а истото е и со откупниот центар за кој обезбедуваме урбанистичко планска документација.
За базенот како што е кажано безброј пати во јавноста завршија сите припремни проекти и сега Агнецијата за спорт и млади го изработува основниот пеоект , до крајот на годината се очекува да се издаде одобрение за градба по што ќе се распише повик за изградба на објектот.
Горди сме на кредитот од Светска бака, бидејќи таков кредит под вакви услови може да добие само финасиски стабилна општина. Како што знае јавнсота бевме следени година и половина од експерти од банката, оценето беше дека општината води одговорна финансиска политика и банката го награди ова одговорно работење, со поволен кредит.
Од друга страна оставивте долг од 2.152.500.000 ( две милијарди , стопедесет и два милиони и петстотини илјади денари ) и камо среќа и вие вака да го задолжувавте Охрид, со поволни инвестициски кредити, наместо да ја оставите оваа финансиска апокалипса зад вас.