Skip to main content

Општина Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид го одбележа  Денот на македонската револуционерна борба.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Општина Охрид со свечена академија го одбележа Денот на националната борба 23 Октомври. На академијата обраќање имаше охридскиот градоначалник кој потсети на минатото на македонскиот народ и борбата за национална слобода.     

nb„ Со огромна почит кон минатото и јасен поглед кон иднината, се собравме вечерва заедно да го зацврстиме континуитетот на 23-ти октомври- Денот на македонската револуционерна борба. Датум кој ги бранувал и вечно ќе ги бранува срцата на сите Македонци како симбол на вековната борба за слобода. Горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите македонскат револуционерна борба, вечерва уште еднаш силно го чувствуваме нивниот слободарски дух,“ кажа меѓу другото охридскиот градоначлник Бакрачески.

Чекориме сигурно по заветот што ни го оставија борците за слободна Македонија, завет кој се темели на исконската желба за слобода на Македонија. Предците чие дело го славиме денес го исполнија  својот долг кон татковината, а денеска е редот на нас, потенцира градоначалникот пред присутните во Центарот за култура.

„ Само со чесен и искрен пристап, верба во себе и во иднината на овој град, упорно и посветено соочување со  предизвиците ќе ги добиваме битките денес, битки кои ќе значат повеќе работни места, економски раст и стабилност , просперитетна иднина на градот. Бидете уверени, овој град ќе оди напред, ќе оди напред заедно со сите вас“, посочи градоначалникот.  

На Академијата присуствуваа советници, пратеници, директори на училишта и јавните претпијатија преставници од администарцијата и граѓани почитувачи на револуционерната борба. Академијата  беше пропратена со свечена програма на која учествуваа рецитарската секција и гимназискиот  хор од  Св Климент Охридски, групата Билјана Јуниор, танцувачкиот клуб Соната, виолинистот Игор Бежаноски и актерот Ивица Цонев.

Празникот Денот на националната борба – 23 Октомври  започна да се празнува од 2007 година на денот кога во 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, група напредни  македонски интелектуалци,   Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација. Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

{loadposition content9}