Skip to main content

Охридските политички партии за двојазичните табли во ПИОМ Охрид

Поставувањето на двојазичните табли на македонски и албански јазик пред канцалариите на ПЕ на ПИОМ во Охрид, за локланите партии од опозицискиот блок се флагрантно кршење на законските одредби од Законот за употреба на јазици, додека пак владеачката партија без прецизен став во врска со ова прашање.

 |  Николоска Биљана  | 
dvojazicni tabli
двојазични табли

dvojazicni tabliОд Фондот за ПИОМ во Скопје и после десет дена од барањето одговор за поставувањето на двојазични табли во ПЕ на Фондот во Охрид, без никакво објаснување. Лицето за односки со јавност Анифе Метај кое ни беше посочено како стручно лице кое може да ни одговори на прашањата во врска со поставените табли на македонски и албански јазик пред канцелариите на оваа институција во Охрид, првично уште на 15 октомври ни вети одговор.  После низа незуспешни обидида стапиме во било каков контакт со службите на Фондот, денеска Метај не  информира дека нашите прашања се испратени до директорот на Фондот Беким Незири но не можеше со сигурност да каже дали и кога ќе го добиеме одговорот.
Во меѓувреме побаравме став од ограноците на политичките партии од Охрид. Како тие гледаат на поставувањето табли, на кои покрај на македонски, текстот е испишан и на јазик кој не го зборува најмалку 20% од населението на територија на општината. Од огранокот на владеачката партија ни испратија писмен став. Во краткиот допис од таму стои:

„ОК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со сите активности поврзани со државните институции секогаш инсистира на законити работи, и во врска со вашето прашање сакаме да ви укажеме дека одговорноста за било какви дејствија ги сносат институциите кои ги преземаат“.

Од таму за повеќе информации не упатуваат до Фондот и до ресорното министерство.

Од ОО на СДСМ Охрид велат дека се зачудени која била идејата на тој што ги поставил таблите затоа што се коси со законските одредби и е спротивно со Законот за употреба на јазиците.

tunte„Не не чуди еден ваков истап или еден ваков чин на непочитување на законските одредби затоа што навикнати  сме коалицијата на власт така да ја практицира власта со непочитување на законите кои сами ги носат. Значи иако се работи за државна институција сепак се работи за територија на општина Охрид каде што законите доследно треба да се почитуваат овде имаме еден флагрантен пример на кршење и непочитување на законските одредби од Законот за употреба на јазиците“ – вели Тунтев.

Тунтев додава дека според член 41 од Закон за употреба на јазиците воЛокалната самоуправа можат да се договорат и за употреба на јазиците на етничките заедници што се помалку од 20% доколку советот донесе одлука. Бидејќи таква одлука не е донесена ова е сериозен чин на кршење на законот дециден е Тунтев.
Со сличен став се и охридските либереал демократи. Од таму апелираат граѓаните да не се наседнуваат на ситни провокации од типот на двојазичните табли во ПИОМ и да го чуваат соживотот.

„Ова значи едно флагрантно кршење и на Охридскиот Рамковен договор и на законите во ова земја. Многу ми е жал морам да потенцирам затоа што ЛДП и јас како човек и претставник во Советот на сите граѓани без оглед на националната припадност ваквите ситни провокации ги сметам подеднакво лоши за сите граѓани на оваа земја и многу ми е жал што и ние коментирајќи ги овие теми кога некој се решил да ги прави овие т.н. провокации наседнуваме го нарушуваме она што нашите предци одамна го имале како соживот. Треба да се повика на одговорност кој тоа го направил“  -нагласува Блажески.

dokoПретседателот на огранокот на ДПА од Охрид, Васви Доко вели дека неговата партија вo принцип е за двојазичност, односно што повеќе права имаат граѓаните толуку се позадоволни и мотивирани да ги извршуваат своите обврски кон државата. Но додава дека случајот со таблите во ПИОМ Охрид крие друга позадина.

„Но овде јас гледам нешто друго односно таа ситуација е тоа што ДУИ сака да ги измести некои свои однесувања односно да ја замае јавноста со реалните проблеми и од тоа што тие ветија во предизборната кампања“ – категоричен Доко.

Во писмениот став на огранокот на коалициониот партнер во власта, ДУИ,  се вели дека двојазичноста треба да се почитува и на места каде заедниците не се над 20%, односно во институциите на централно и локално во ниво каде, според нив, законот бил дециден дека заедниците имале право да се обраќаат на свој мајчин јазик. Жално е законот заедниците ги сведува на бројки и самиот тој не се почитува, стои во дописот на претседателот на ДУИ Нефи Усеини.

{loadposition content9}