Skip to main content

Градоначалникот Бакрачески нема оформено став за двојазичните табли

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески својот став за поставувањето на двојазичните табли во подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, ќе го оформи откако ќе ја провери законската регулатива, односно сите членови од Законот за употреба на јазиците.

 |   | 
dvojazicni tabli
двојазични табли

 


Градоначалник БакраческиГрадоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески својот став за поставувањето на двојазичните табли во подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, ќе го оформи откако ќе ја провери законската регулатива, односно сите членови од Законот за употреба на јазиците. Тој денеска на новинарско прашање во врска со натписите на македонски и албански јазик поставени на канцелариите во охридската подрачна единица на фондот, кажа дека ингеренциите на локалната се лимитирани.

Просториите на подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување се во надлежност на ресорното министерство и Фондот за ПИОМ. Значи тоа се институции кои не се во надлежност на општина Охрид. Она што ние во овој момент со сигурност можеме да интервенираме се институциите во надлежност на локалната самоуправа на општина Охрид.“ – Никола Бакрачески Градоначалник на Општина Охрид.

двојазични таблиА од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Скопје, и по 20 дена откако ТВМ побара одговор на прашањето: „Зошто во општина каде нема најмалку 20 % население кое го зборува албанскиот јазик се поставени двојазични табли?“- нема одговор. Најповиканата личност, директорот на ПИОМ, Беким Незири, бил презафатен за да одговори на прашањата, кој донесол одлука и врз основа на кои законски одредби биле доставени таблите во Охрид со наредба да бидат поставени на канцелариите. Ова денеска во краток телефонски разговор ни го кажа лицето за односи со јавност на Фондот, Анифе Метај.

 

{loadposition content9}