Skip to main content

Ќе се продава земјиштето на кое ќе се градат автобуска, катна гаража и дом за стари лица

Мнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП,  дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р  Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица.

 |   | 
sednica
sednica

sednicaМнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП,  дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р  Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица. Советниците од опозицијата нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, со отуѓување односно со продажба на земјиштето.

“Одлуката е избрзана, истата не ја прифаќаме и ќе ја напуштиме седницата за да не бидеме сведоци на донесување на една таква одлука, за откажување од 4 парцели во градот,  кои прашање е дали наменски ќе бидат употребени односно дали на нив приватникот ќе ги изгради предвидените објекти“ – кажа Јован Стојаноски, координатор на СДСМ.

sednicaЗа мене е неприфатливо на приватно земјиште да се гради објект од јавен интерес, кажа советникот на ЛДП Дејан Блажески. Јоне Станкоски од ВМРО – НП прашува зошто мора државнот земјиште кое е дадено на располагање на општина Охрид да биде дадено на продажба, кога најавите на градоначалникот биле дека овие три проекти ќе се реализираат со јавно приватно партнерство.

„Која беше причината да сега се оди кон продажба на градежно земјиште дали имаме инвеститори во најава кои што можеби ви поставуваат услов ако земјиштето го добиеме како наше тогаш ќе одиме кон изградба на овие три објекти. Значи предвреме вие ги знаете кои ќе се инвеститорите кои што бараат земјиштето да биде во нивна сопственост“.- Јоне Станкоски, советник на ВМРО – НП.

Градоначалникот Никола Бакрачески од говорницата не одрече дека за трите капитални објекти кои се од насушна потреба за градот миожеби како ветувања во изборната програма стоело реализација по пат на ЈПП но појасни зошто тоа е тешко да се реализира.


Градоначалник Бакрачески„ Врз основа на разговорите кои ги водевме, ние не наидовме на ниту едно уверување од ниту еден инвеститор дека има интерес да  стапува во партнерски односи со општина Охрид, по пат на Приватно јавно партнерство или можеби концесија за да реализираме вакви сериозни капитални инвестиции. Остана на нас да отпочнеме постапка, од која еден дел е носење на одлука во Совет за отуѓување на ова земјиште по пат на продажба.Ние не можеме бесконечно да објавуваме огласи за ЈПП и концесии ако однапред знаеме дека тие нема да успеат. „ – Никола Бакрачески – градоначалник на Охрид.

Независнот советник Павел Попоски смета дека одлуката за отуѓувањето на земјиштето за изградба на трите капитални проекти воопшто не треба да биде дискутабилна. Тој од говорницата изнесе радикален став.

„Од витално значење е старечкиот дом, автобуската станица и катната гаража јас да се прашувам јас тоаземјиште  би го дал поклон“- Павел Попоски – независен советник.

Домот за стари лица предвидено е да се гради на локација на излезот од градот веднаш по населбата Даљан на охридското крајбрежје. Катната гаража ќе се гради во близина на охридскиот пазар, а автобуската станица предвидено е да се реализира во катастарска општина Охрид 2. Врз основа на владина уредба почетните цени за продажба на земјиштето се 1393 денари за домот на стари лица, 1543 за катната гаража и 3170 денари за изградба на автобуската станица. Останатите точки на дневен ред се до 65 тата беа изгласани експресно, додека пак последните 7 точки не поминаа бидејќи дел од нив требало да се корегираат.

{loadposition content9}