Skip to main content

ОO на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата

ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески бесрамно донесоа одлука за продажба на четири огромни земјишни парцели во Охрид, сопственост на Република Македонија, ова денес беше истакнато на пресс конференцијата на општинската организација на СДСМ која се одржа по вчерашното напуштање на седницата од страна на советниците на сдсм поради одлуките за продажба на државното земјиште  на локациите кај автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
сдсм
sdsm

сдсмОпштинската организација на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата на совет. Координаторот на советничката група, Јован Стојаноски рече дека не сакале да бидат дел од срамни одлуки како што се продажбата на државното земјиште на три многу атрактивни локации во градов. Од СДСМ сметаат дека одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи кои се витални проекти од огромно значење за охриѓани.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески во нивната изборна програма ветија дека овие проекти ќе се финансираат со средства од општинскиот буџет и преку јавно приватно партнерство. ВМРО-ДПМНЕ не го исполни ветувањето. Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани. Зошто на приватно земјиште да се градат проекти од јавен интерес? Зошто бизнис интересите на поединците блиски до владејачката партија се поважни од интересите на сите граѓани?, запраша Стојаноски.jovan stojanoski

Признанието на градоначалникот Никола Бакрачески дека не може да го реализира сопственото ветување овие проекти да се изградат по пат ја јавно приватно партнерство е уште една потврда за состојбата во којашто се наоѓа општина Охрид, подвлече Стојаноски.

Ова дефинитивно ќе значи дека државниот имот, за ефтини пари, ќе премине во сопственост на приватни лица, блиски до партијата на власт, рече Стојаноски.

Со ваквите одлуки охриѓани, за навек ке останат без капиталот кој во наследство ни го оставија нашите предци, рече Стојаноски на денешната пресс конференција.

{loadposition content9}