Skip to main content

Од сабота спортски училишни лиги во Охрид

Општина Охрид ги развива спортските игри, се грижи за правилен психички и физички развој на децата и правилна социјална ориентација. За таа цел СРЦ „Билјанини Извори“ ширум ги отвори вратите за учениците од  охридските основни и средни училишта кои секоја сабота од 09 до 14 часот ќе се натпреваруваат во мал фудбал.

 |  Николоска Биљана  | 
mal fudbal
мал фудбал

bakraceskiЗапочнуваат со функционирање спортски училишни лиги во Охрид. Од оваа сабота учениците од охридските основни и средни училишта ќе се натпреваруваат во општински, зонски и регионални натпревари. Ова денеска го најави  првиот човек на градот, Никола Бакрачески.

„На мое лично задоволство и како градоначалник и како доктор тоа е еден од начините на кој што општина Охрид води грижа за правилен психомоторен и физички развој на децата кои што учат во охридските основни и средни училишта се создаваат услови за развој на спортот и стекнување на одредени спортски вештини се развива спортскиот дух и правилна социјална ориентација на децата во училиштата и во крајна линија се развива другарството помеѓу нив“ – вели Бакрачески.

sportski ligiПроектот се реализира во соработка со ЈП „Билјанини Извори“, со сојузот на училишни спортови како и со сите професори и наставници по физичко и здравствено образование. Проектот е рален, технички сме подготвени за започнување на лигата, вели Наум Јамандиев од сојузот на училишни спортови.

„Започнуваме со мал фудбал, меѓутоа постојат иницијативи такви лиги да продолжат и за кошарка и за ракомет со што би помогнале во развивање на спортските игри во општина Охрид. Технички правилата се одвиваат по футсал правилата 4+1 натпреварувач, со судии сме комплетно покриени“ – изјави Јамандиев.  

Ја поддржуваме иницијата на градоначалникот Бакрачески и општина Охрид за отпочнување на училишните спортски лиги во фудбал за основните и средни училишта, со цел да придонесеме проектот да се реализира на највисоко ниво, вели директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мише.

profesori „Во таа насока ние како ЈП ќе излеземе во пресрет со расположливите спортски ресурски спортска сала, соблекувалните, канцелариите ако се потребни за професорите по физичка култура“– додава директорот на ЈП.

Спортските училишни лиги ќе функционираат како организиран систем на натпревари кој што ќе започне со натпреварите во фудбал. Од оваа сабота од 09 до 14 часот и секоја наредна сабота во СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одвиваат наизменично натпревари меѓу средните и основните училишта. Генерален покровител и организатор на проектот годинава е општина Охрид, која што и финансиски ќе ја поддржи оваа училишна спортска лига. Организаторите ги покануваат сите граѓани на Охрид како и сите заинтересирани за спортот да ги проследат натпреварите бидејќи имало што да се види.

{loadposition content9}