Skip to main content

Нов повик за ИПАРД средствата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој деновиве објави повик за доставување  барања за користење средства од ИПАРД програмата. Во охридскиот регион има 1400 регистрирани земјоделци и засега 50% од нив пројавиле интерес за европските пари кои се наменети за модернизација и обновување на постоечко земјоделско производство.

 |  Николоска Биљана  | 
ipard
ипард

ipardНов повик за користење средства од ИПРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави вториот повик за оваа година за користење на средства од ИПАРД програмата. Земјоделците можат да аплицираат за средства по три мерки, набавка на трактори и приклучна механизација, отварање на мини фабрики како и за диверзификација и развој на економските рурални средини, односно развој на селскиот туризам.

„Целта на оваа програма е инвестиција и модернизација обновување на земјоделските стопанства се со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот на земјоделското стопанство со усовршување од технолошки аспект на тоа земјоделско стопанство“.

Корисник може да биде секој земјоделец што е евидентиран во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, индивидуален земјоделец кој е регистриран според Законот за пензиско инвалидско осигурување, како и правни лица каде што основна дејност му е земјоделството, појаснува Ѓорческа. Иако од година во година расте интересот кај земјоделците за поднесување на апликации за користење на овие средства , сепак искористеноста на ИПАРД средствата е мала. Сложената и непотполна документација е најчестата причина што ја посочуваат надлежните за недобивање на грант.

ipard„Јас конкретно и јавно можам да го кажам тоа настапив на еден состанок пред платежната агенција и кажав дека имаме премногу документација за да се аплицира по ИПАРД програмата. Тие кажаа дека таа е потребна документација затоа што Европа ги бара тие документи да ги има на увид. Треба ние како Агенција и нашиве земјоделци да го промениме пристапот кон средувањето на таа документација затоа што тоа се европски пари и не може да помине ако имаме ние овоштарник а во имотниот лист сеуште да ни стои нива или ако сакаме да изградиме штала местото не е наше сето тоа треба да биде регулирано“ – вели Билјана Ѓорческа,  советник за организација во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството

Во подготовката на целокупната документација како што е тоа изработка на технички предлог проект, деловен план, барање, помагаат советниците од Агенцијата за потикнување на развој на земјоделството, нагласува Ѓоршеска. Огласот трае до 10 декември кога е и последен рок за аплицирање.

{loadposition content9}