Skip to main content

Зајакнување на соработката меѓу локалната власт и полицијата

„Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку подобрување на соработката со локалната власт и полицијата“ беше темата на тркалезната маса одржана вчера во хотелот „Милениум“ во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

„Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку подобрување на соработката со локалната власт и полицијата“ беше темата на тркалезната маса одржана вчера во хотелот „Милениум“ во Охрид.

учеснициПоднесувањето на претставка е значајно за полицијата да може да дејствува на подобрување на квалитетот на својата работа и истовремено да ја зацврсти довербата на јавноста, рече во своето излагање д-р Анета Станчевска, помошник на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Образложувајќи го системот за поднесување претставки, Станчевска нагласи дека поднесувањето претставка има за цел заштита на човековите права и слободи загарантирани со Уставот, безбедно и достоинствено чувство кај граѓаните, постигнување нулта толеранција на корупцијата, остварување на критериумите за влез на Република Македонија во ЕУ и спроведување на долгорочните стратешки цели на Министерството за внатрешни работи. Помошникот министер посебно се осврна на интензивните контроли што секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ги реализира кон полициските службеници и изрекувањето казни кога е консатирано кршење на работната дисциплина и законитото полициско работење. Поднесената претставка против вработен полициски службеник сериозно и недискриминирачки се разгледува, сеопфатно и непристрасно се истражува по што се известува граѓанинот, нагласи помошникот министер Станчевска.

Во своето обраќање, заменикот градоначалник Ангел Јанев го искажа задоволството од досегашната соработка на локалната и СВР Охрид посебно во делот на реализација на превентивните проекти што се од интерес на сите граѓани на Охрид. Јанев искажа подготвеност на локалната за поинтензивен ангажман во таа насока со цел подобрување на безбедносната состојба и сигурноста на граѓаните.
На тркалезната маса која се реализира во соработка на мисијата на ОБСЕ, покрај претставници од полициските станици од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, учество зедоа заменикот народен правобранител Даут Селими, претставници на локаната самоуправа од Струга, Кичево и Дебар и претставници на невладини организации.