Skip to main content

Дури и да се избере изработувач, во 2015та најверојатно Охрид нема да добие сообраќајна студија

Според експертите, за квалитетно и сериозно изработена студија, потребно е барем една година на истражување на сообраќајот во карактеристичните периоди на врвно сообраќајно оптоварување.

 |  Мишел Наумоски  | 
soobrakajna studija
сообраќајна студија

Ќе добијат ли охриѓани конечно сообраќајна студија за режимот на одвивање на сообраќајот? Нацрт развојната програма за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015та година ја содржи ставката за изработка на сообраќајна студија, но прашањето е дали истата конечно ќе се реализира. А изработка на студијата беше најавено и за минатата година, кога во рамките на општинскиот буџет беа предвидени и средства во висина од 1.5 милиони денари, но откако пропаднаа и двата јавни повици за фирми изработувачи на студијата, со ребалансот овие средства беа повлечени.

soobrakjajСпоред д-р Томислав Тунтев, доцент на Техничкиот факултет од Битола, за да успее јавниот повик мора да биде јасно дефинирана проектната задача, односно кои сообраќајни елементи и решенија, нарачателот сака истата да ги има.

„Најмалку е потребно една година, само од аспект да бидат зафатени со истражувањата односно мерењето и броењето на сообраќај неколку карактеристични периоди на врвно сообраќајно оптоварување. еднаш околу новогодишните и божиќните празници, еднаш околу велигденските празници, еднаш во летниот период, односно најмалку две или три сезонски мерења и секако сообраќајната студија на крајот би требало да даде најмалку три алтернативни решенија, режим на сообраќај во врвно, оптимално и нормално оптоварување или мирен сообраќаен ток.“-вели д-р Томислав Тунтев, насловен доцент на Технички факултет-Битола.

Според Тунтев, неопходно е пред се мерење на врвното сообраќајно оптоварување на деловите од градот во кои најчесто се јавуваат тесни сообраќајни грла, да се мери и динамичкиот, но и стационарниот сообраќај.

turisticka soobrakajТој додава дека со студијата, треба да се предвидат и алтернативните сообраќајни решенија за одвивање на сообраќајот во нормално, оптимално и врвно сообраќајно оптоварување. Ова, според Тунтев е најевидентно во летните месеци.

„Студијата во Охрид е насушна потреба, затоа што прво овој режим на сообраќај што се воспоставува во летните месеци не е производ на сообраќајна студија туку е еден обид да се импровизира некакво решение врз основа на искуствени податоци иил врз база на она што како поплака или пофалба доаѓа од граѓаните до релевантните власти или стручните служби. Режимот на сообраќај мора да е производ на издржана стручна студија, втората причина е што онаков каков што е, режимот на сообраќај во летниот период кој теориски се обидува да ги реши тесните грла во практика воопшто не функционира.“-рече тој.

rezim soobrakajСпоред Тунтев, предвидените средства за изработка на студијата имаат улога во самото изготвување, но во најголем дел, средствата кои се потребни за нејзина изработка зависат од елементите кои нарачателот на студијата ги бара од оној кој ја изработува, што може, но и не мора да влијае на квалитетот на изработката. Инаку развојните програми на локалната сеуште се во својата нацрт верзија, па сеуште не е дефинирана висината на средствата кои локалната ќе ги предвиди за изработка на студијата. Само за споредба, деновиве излезе информацијата дека и локалната самоуправа од Струга ќе изработува сообраќајна студија за која во нивниот буџет предвиделе околу педесетина илјади евра.

{loadposition content9}