Skip to main content

Свечено отворен ново изградениот плоштад во населбата Рача

Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека по неколку месечна работа успеале заедно со јавните претпријатија да создадат едно убаво катче за одмор за граѓаните од оваа населба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
плоштад
plostad

Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад. plostad raca


После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески.


Тој додаде дека плоштадот го направиле  од сопствени средства, помогнати од јавните претпријатија. Изградени се пешачки зони, фонтана, спроведени се инсталации за вода и електрична енергија, просторот е хортикултурно уреден, а има и простор наменет за најмладите каде се поставени детски реквизити.

{loadposition content9}