Skip to main content

Се отвори нова градинка во просториите на ОУ „Кочо Рацин“

Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека на овој начин им помагаат на сите родители кои во денешниов динамичен свет немаат време сами да се грижат за своите деца, а Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов кеже декаОпштина Охрид е пример како треба да се работи на овој план.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gradinka
градинка

Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата на општина Охрид за обезбедување адекватни услови за ран детски развој.градинка

На овој начин им помагаме на сите родители кои во денешниов динамичен свет немаат време сами да се грижат за своите деца па ние gradinkaим ги доближуваме услугите на ваков вид на згрижување. Приоритет ни е вакви градинки да отвориме во приградските населби, рече Бакрачески.

На денешното отварање присуствуваше и Министерот за труд и социјала, Диме Спасов кој кажа дека на ваков начин се реализира и програмата на Владата на РМ во која ветиле дека за време од 4 год ќе отворат 40 градинки ширум државава.

Општина Охрид е пример како треба да се работи на проширување на капацитетите и градење систем на достапност на  детските градинки до сите населени места во рамките на една општина, рече министерот Спасов.

Ваква градинка планирано е да се отвори во Пештани, а и на други места каде иам услови за тоа.

{loadposition content9}