Skip to main content

Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници

Сеуште не е најден простор за дислокација на Центарот за наркозависници од Охрид. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека во соработка со општина Охрид и градоначалникот бараат содветна локација.

 |  Николоска Биљана  | 
narko centar
нарко центар

Се бара простор за дислокација на Центарот за наркозависници Охрид, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за социјална работа и до детската градинка Развигорче.  Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Охрид истакна дека во соработка со општината и градоначалникот Никола Бакрачески работат на изнаоѓање решение за дислокација на овој центар.

razvigorce„Јас и во посетата на Центарот за социјални работи разговарав и со граѓаните кој живеат тука бараме соодветен простор кој што мора да биде во државна или во општинска сопственост. Се надеваме дека во следниот период ќе најдеме соодветен простор и ќе биде извршена дислокација“ – изјави министерот.

Спасов нагласи дека треба да се води сметка и за наркозависниците кои примаат терапија  во тој Центар.

„Треба да бидеме сите свесни дека и тие луѓе имаат потреба и поддршка во овој Центар и од страна на државните институции и од страна на сите граѓани но во секој случај бараме простор кој би бил на располагање за овие потреби“ – вели Спасов.

Имено, месното население околу Центарот за социјална работа, неколку години наназад со потписи и петиција до Министерството за труд и општината бараат Центарот за нарко зависници да се пресели на друга локација. Охридскиот дневен центар за нарко зависници е регионален и тој има корисници од Охрид, Струга, Кичево, кои тука  примаат метадонска терапија за одвикнување од дрогата и се рехабилитираат низ работа со стручен тим, а вклучени се и во креативни работилници.

{loadposition content9}