Skip to main content

ОO СДСМ бара градоначалникот да го прекине самоволието на директорката на ЈОДУ„ Јасна Ристеска“

ОO СДСМ бара градоначалникот да го прекине самоволието на директорката на ЈОДУ„ Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Неловска  | 

На прес конференција советничкатат од СДСМ Оливија Пирузева Јанева во името на  социјал-демократите од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески,  наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката Јасна Ристеска.

сдсм„ Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари“. За секоја  промена треба да добие согалсност од СОвет на општина Охрид“,  кажа Јанева.

 Дополнително, директорката им наметнува на родителите нови трошоци за употреба на брошури, прирачници и друга  литература иако во предшколска установа не смее да има задолжителна литература, кажа Оливија Пирузева Јанева.

„ Тоа е литература од Издавачката куќа EDUKA MAK PUBLISHING, каде директорката е соработник, коавтор и рецензент. Исто така  преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата да се плаќа однапред, пред 1-ви во месецот. Имињата на дечињата за кои не е платено се објавуваат јавно, на списоци истакнати на влезот од градинката, а децата се враќаат назад“, рече Пирузева Јанева.

Неодговорноста на директорката не смее да се прикрива. Бараме веднаш да се превземат соодветни мерки во интерес на воспитниот процес, родителите и децата, рече на денешниот прес советничката од редовите на СДСМ  Оливија Пирузева Јанева.

{loadposition content9}